03 Јули, 2024
0.0843

ЗОШТО ПРАТЕНИЦИТЕ И ДРУГИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ НЕ ТРЕБА ДА ИМААТ ПРАВО НА АПАНАЖА - Левица бара со закон таа да се укине

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

За пратениците и за избраните владини функционери да нема апанажа откако ќе им престане функцијата, која сега им следува со закон, со цел тие да не бидат во повластена положба во однос на другите работници во државата. Ова е идејата водилка на законските измени што ги предлагаат двајцата пратеници од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

Практично, овие двајца народни избраници предлагаат измени на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во земјава. 

Како што објаснуваат и самите пратеници, сегашните закони создаваат нееднаков третман на правата на граѓаните, и прават дополнителна општествена сегрегација по однос на социјалната и општествената положба. Со тоа се врши сериозно прекршување на уставното начело на забрана на секаков вид на дискриминација, нсагласуваат предлагачите на овие законски измени.

Или, попросто кажано, било кој друг работник во земјава, ако остане без работа, за да добие парична помош од државата, мора да исполни многу услови, и плус таа помош трае многу пократко отколку кај функционерите.

„Останатите работници во државава - било во јавниот или во приватниот сектор, кои се опфатени и на кои се однесува Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, мора да исполнуваат долга низа на таксативно наведени услови за да добијат месечен паричен надоместок за време на привремена невработеност, ограничен на 50 отсто од нивната плата. Дополнително, тој надоместок им следува за пократок временски период отколку на пратеник во Собранието, функционер и раководен работник кој го именува Собранието, односно назначува телото што тоа ќе го овласти, претседателот на државата и премиерот. Дополнително, работникот за да го добие тој месечен паричен надоместок не смее самиот да си даде отказ или да добие отказ поради своја вина, додека на пратеник или на функционер паричниот надоместок по престанување на функцијата му следува без разлика на вредноста  остварениот учинок при вршење на функцијата и без разлика на причината за престанокот на функцијата“, се вели во образложението што го дале пратениците од Левица.

Велат дека доколку се прифатат нивните предлог законски измени, ќе се заштедат средства во државниот буџет, но истовремено ќе се анулира и социјалната и економската нееднаквост која се продуцира од постојниот штетен и фаворизирачки закон.

Целта на предлог-законот е да се укине правото на остварување на плата по престанување на извршување на функцијата на пратеник во Собранието, функционер и раководен работник кој го именува Собранието, претседателот на Република Македонија и на Владата или т.н. право на апанажа, како и почитување на уставниот принцип на забрана за дискриминација врз основа на класно и социјално потекло и имотна, т.е. општествена положба“, нагласиле во своето образложение.

Додаваат дерка предлог-законот одговора на моменталната економска, енергетска, здравствена и финансиска ситуација, во време на прогласена кризна состојба.

„Спроведувањето на овој закон нема да предизвика финансиски последици врз државниот буџет и другите јавни финансиски средства, напротив, ќе придонесе за намалување на расходите, со што ќе се овозможи поправична распределба на финансиските средства“, објаснуваат пратениците и предлагаат овие законски измени да се донесат по скратена постапка.

Всушност, тие предвидуваат бришење на цела глава „Права на пратениците, функционерите и на раководните работници во Собранието по престанувањето на функцијата“.

Двајцата пратеници велат дека предложениот антипривилегирачки закон ќе овозможи скратување на противуставното т.н. право на апанажана.

„Со тоа, ќе се овозможи целосно исполнување и почитување на уставното начело на забрана на секаков вид дискриминација, ќе се спречи дискриминација на граѓаните по основ на социјално потекло, имотна и општествена положба и сето тоа во насока на доследно почитување на еднаквоста пред законите и владеењето на правото, како темелена вредност на уставниот поредок. Дополнително, со предложениот закон ќе се скратат расходите во државниот буџет за висината на овие непродуктивни и назаслужени трошоци и ќе се овозможи да бидат пренаменети за други важни државни политики“, се вели во образложението од пратениците.

Инаку, сегашниот закон предвидува дека „пратеник кој за време на вршењето на пратеничката функција остварувал плата или надоместок на плата во месечен износ во Собранието, функционер и раководен работник, претседател и премиер, кој за време на вршењето на функцијата остварувал плата, да може да остварува плата по престанувањето на функцијата за време до една година, и тоа: три месеци, ако функцијата ја вршел до шест месеци, шест месеци, ако функцијата ја вршел од шест до 12 месеци, девет месеци, ако функцијата ја вршел од 12 до 24 месеци и 12 месеци, ако функцијата ја вршел 24 месеци и еден ден и повеќе“.

Исто така, пратеник, функционер и раководен работник има право да остварува плата за време подолго од една година од денот на престанувањето на функцијата, а најмногу уште шест месеци, ако во тоа време стекнува право на пензија.

Пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен, ги има сите права од овој закон, се вели во сегашното законско решение. Се додава и дека на пратеник, функционер и раководен работник му престанува правото пред истекот на времето утврдено со овој закон, кога тој тоа ќе го побара, кога ќе се вработи или ќе биде избран или именуван на друга функција врз основа на која остварува плата. Лицата го немаат правото на апанажа или тоа право им престанува, ако се правосилно осудени за кривични дела против државата или за кривични дела сторени од користољубие.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Неофицијално крвна одмазда е мотив за нападот во Батинци

Неофицијално крвна одмазда е мотив за нападот во Батинци

СРАМНО Е ЗА ПОРАНЕШНИ ПРАТЕНИЦИ НА СДСМ ДА БИДАТ ФУНКЦИОНЕРИ ВО ВЛАСТА: СДСМ за поканата од ЗНАМ до нивните пратеници

СРАМНО Е ЗА ПОРАНЕШНИ ПРАТЕНИЦИ НА СДСМ ДА БИДАТ ФУНКЦИОНЕРИ ВО ВЛАСТА: СДСМ за поканата од ЗНАМ до нивните пратеници

„КОЛКУ СЕ ГЛУПИ ГРЦИТЕ, АКО БУГАРИЈА ИМ Е ПРИМЕР, НЕ СЕ МНОГУ ЗА ФАЛЕЊЕ“: Најчевска распали за нашиот сосед

„КОЛКУ СЕ ГЛУПИ ГРЦИТЕ, АКО БУГАРИЈА ИМ Е ПРИМЕР, НЕ СЕ МНОГУ ЗА ФАЛЕЊЕ“: Најчевска распали за нашиот сосед

ЈА ВРАТИЈА ОГРАДАТА, СЛЕДНО Е ИМЕТО: Петровска вели тргнал возот

ЈА ВРАТИЈА ОГРАДАТА, СЛЕДНО Е ИМЕТО: Петровска вели тргнал возот

ШТО Е СПОРНО ВО НАЈАВАТА ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ? Тренчевска вели ВМРО едно ветила друго прави

ШТО Е СПОРНО ВО НАЈАВАТА ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ? Тренчевска вели ВМРО едно ветила друго прави

ГРУЕВСКИ ГИ КАЖА ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОПИСОТ ВО АЛБАНИЈА: Вели добил информации од македонското население таму, нашите биле вознемирени

ГРУЕВСКИ ГИ КАЖА ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОПИСОТ ВО АЛБАНИЈА: Вели добил информации од македонското население таму, нашите биле вознемирени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги објави кадровските решенија, се враќа и оградата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги објави кадровските решенија, се враќа и оградата

РАДЕВ ДО МИЦКОСКИ: Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да се имлементира, a не да се ревидира

РАДЕВ ДО МИЦКОСКИ: Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да се имлементира, a не да се ревидира

ЦУК: Падна дел од фасада на зграда на булеварот Јане Сандански во Аеродром

ЦУК: Падна дел од фасада на зграда на булеварот Јане Сандански во Аеродром