05 Декември, 2025
0.0513

Зошто правилата за корпоративно управување во финансискиот сектор се построги?

Објавено во: Анализа 15 Април, 2014 09:03

Добивај вести на Viber

Компаниите кои се стремат и го одржуваат високиот степен за добро корпоративно управување, ги почитуваат поставените принципи, создаваат дополнителни вредности а во исто време создаваат и систем на одговорност и контрола коишто се соодветни на преземениот ризик. пишува Ирена Чупона, Стопанска Банка а.д. Битола За успешна примена на правилата за корпоративно управување во  пракса, покрај регулативата која се однесува на правилата за добро корпоративно управување, неопходно е целиот правен систем на земјата да биде во состојба да ги исполни барањата кои се поставени за постигнување на успешно корпоративно управување, што подразбира цел систем на закони и подзаконски акти да биде насочен кон остварување на оваа цел. Правилата на корпоративно управување во финансискиот сектор се построги во однос на правилата на корпоративно управување во  другите претпријатија во стопанството. Нивното  почитување и добра примена може да предизвика позитивни ефекти врз профитабилноста на компанијата, зголемување и забрзување на  нејзиниот раст и развој, а исто така може да влијае и во подобрувањето на нејзиниот пристап до финансиски средства, покрај домашни така и маеѓународни. Со воведување и почитување на добро корпоративно управување се доаѓа до минимизирање на постоечките конфликти помеѓу целите и интересите на различни засегнати страни. Мошне значајна карактеристика која и се пропишува на една компанија со добро корпоративно управување е посветеноста да одржува висок степен на транспарентност или пак со други зборови обелоденување на податоци за компаниите. Значењето кое му се посветува за успешно корпоративно управување во Банките, произлегува пред се од значајната улога која банките ја остваруваат во финансискиот и целокупен економски систем на една земја. Имено, Банките се единствени со закон овластени финансиски институции и како такви се главни генератори за штедење и за обртен капитал, додека пак од друга страна  како кредитни институции Банките се и понатаму најзначаен извор во финансирањето на стопанството. Имајќи го тоа во предвид  произлегува нивната одговорност за правилна алокација на слободните средства во стопанството и нивна најдобра искористеност. Придржувањето кон општоприфатените стандарди на добро корпоративно управување, уште повеќе добива на значење кога се има во предвид фактот дека Банките во голема мера ги користат средствата од другите субјекти (лица) и аналогно на тоа се јавува и потребата од контрола над користењето на тие средства. Банката во голема мера има корист од примена на принципите на корпоративно управување при што со своите постапки треба да врши стимулирање на своето работење. Примената на приципите на корпоративно управување, подразбира Банката да има: јасна организациска структура со дефинирани права и одговорности на членовите на органите на надзор и управување и другите вработени во неа, контрола на ризиците, транспарентна управувачка структура како и ефективен систем на надзор и внатрешна контрола. Во склад со принципите, рамката на корпоративното управување треба да промовира транспарентно и ефикасно стопанство, да биде во коресподенција со сопственичките права и да кореспондира во поделбата на одговорностите помеѓу различни надзорни и регулаторни органи како и органи за спроведување на законот. Со воспоставување на успешен систем на поставување на цели како и нивно остварување, донесувањето на одлуки и нивно соодветно следење при извршувањето, се гради добра структура на односи и процеси, а со самото тоа и добра структура на корпоративно управување. Бројни се факторите кои и во пракса влијаат на постигнатиот  квалитет на управување во една Банка како и кај стопанските субјекти воопшто. Истовремено околностите кои влијаат на тие фактори постојано се менуваат и развиваат, се јавува потреба од нови. Компаниите кои се стремат и го одржуваат високиот степен за добро корпоративно управување, ги почитуваат поставените принципи, создаваат дополнителни вредности а во исто време создаваат и систем на одговорност и контрола коишто се соодветни на преземениот ризик. Она кон кое што се стремат Банките во тој процес е постојаното унапредување и надградување на постоечкиот механизам на управување и зајакнување на степенот на заштита со која се гарантира остварување на  принципи на корпоративно управување во пракса.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени