23 Јуни, 2024
0.0257

Зошто разводот е добар за економијата?

Објавено во: Анализа 19 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Бројот на американци кои се разведуваат расте во последните три години. Само во 2012 година во САД биле регистрирани 2,4 милиони разводи. Бројот е вознемирувачки кога станува збор за општеството и за чувствата, но кога станува збор за економијата, разводите допринесуваат за нејзино јакнење, анализира Bloomberg. “Благодарејќи” на разводите се создаваат нови домаќинства, со тоа се зголемува побарувачката на станови и куќи, мебел, апарати за домаќинство, а сето тоа влијае позитивно на економијата. Разводите исто така ги поттикнуваат жените да се вработат. Стапката на разводи во САД се удвоила помеѓу 1940 и 1981 година, а во 2009 година била најниска во период од 40 години, вели професорката Јасмин Шелер од универзитетот во Аризона, цитирајки ги податоците на агенцијата за статистика. Во истражувањето кое го спровела во 2012 година таа пресметала дека секој процент на пораст на бројот на невработени се поврзува со стапката на склучени бракови од 1,5%, но и со падот на бројот на разводи од 1,7%. Порастот на бројот на разводи го следи поратсот на борјот на ново оформени домаќинства. Во последните четири години во САД се создадени околу 5,3 милиони нови домаќинства, додека во 2009 година кога стапката на разводи била најниска биле формирани 400 000 нови домаќинства. Главниот економист од националната агенција на градежници во Вашингтон, Дејвис Кроу приметува дека разделувањето и раводите често резултираат со дополнителни барања за живеење, односно се формираат две домаќинства на местото на дотогашното едно. Тоа секако позитивно влијае на градежништвото: изградбата на нови куќи е зголемена за 67 проценти од 2009 година, па во 2013 бројот на нови куќи достигна бројка од 923.400. Кога станува збор за станбени згради, нивната изградба по рецесијата се триплирала во 2013 кога сочинувала 33 проценти од вкупните станбени градби во однос на 20% од 2009 година. Трговецот со недвижности Грегори Мек, вели дека штотуку разведените мажи најчесто изнајмуваат станови во предградијата за да живеат поблиску до своите деца. Невработесноста во САД во јануари падна на петгодишниот минимум од 6,6%. Цените на куќите скокнаа за 22 отсто во тертиот квартал минатата година. Растот на приходите и цената на недвижностите им дава на паровите поголема сигурност, поради тоа експертите очекуваат дека и оние кои се откажале повторно започнуваат да размислуваат на развод. Паровите кои се разведуваат најчесто ја пордаваат заедничката куќа, ги делат парите и купуваат нови недвижности. Сепак, според експертите по разводот најчесто страдаат жените, чиј приходи по тоа паѓаат дури за 15%.   К.К.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите