05 Декември, 2025
0.0315

Зошто Русите ја напуштаат Турција?

Објавено во: Економија 20 Август, 2025 16:37

Добивај вести на Viber

Бројот на Руси што живеат во Турција се намали за речиси половина во последните две години – од 154.000 во 2023 година на околу 85.000 во 2025 година, објави весникот „Известија“, повикувајќи се на податоци од руската амбасада во Анкара.

Турција, некогаш една од главните дестинации за Русите што ја напуштаа земјата откако претседателот Владимир Путин почна целосна инвазија на Украина, сега бележи постојан одлив. Намалувањето се случи во време кога инфлацијата во Турција достигна речиси 33 проценти, а цените на недвижностите, според централната банка, се зголемија за повеќе од 30 проценти во изминатата година.

Aко на почетокот заминуваа претежно новодојденци, „Известија“ наведува дека сега заминуваат и долгогодишни жители, вклучително и оние што живеат во Турција десет или повеќе години. Ирина Неплуева, жителка на Истанбул, изјави за медиумите дека на многу нејзини познаници во Истанбул, Анталија и Аланија им е одбиено продолжувањето на нивните дозволи за престој, дури и ако се сопственици на имот или живеат во Турција пет до десет години.

„Животот без дозвола за престој значи да се стане нерегистриран имигрант. Не се сите подготвени за тоа“, рече таа.

Руските дипломати во Анкара укажуваат на дополнителни пречки. Одредени градски населби сега се затворени за странци кои купуваат и изнајмуваат недвижен имот, даноците за странци се зголемија, а контролата врз имиграцијата е затегната.

Во август лани, турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, објави дека владата целосно ќе престане да издава дозволи за краткорочен престој на туристи. 

foto freepik.com

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?