16 Мај, 2024
0.0318

Зошто Русите тагуваат по СССР?

Објавено во: Свет 21 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Рекорден број Руси би се вратиле во СССР.

Повеќето Руси сакаат да се вратат во СССР (Сојуз на Социјалистичките Советски Републики). Ова го покажаа резултатите на студија на Левада центарот, непрофитна и невладина организација која прави анкети.

Во 2018 година 66% од Русите покажале желба да се вратат во СССР, што е највисок ваков процент во последните 15 години, вели Раша тудеј. Лани  58% од Русите се изјасниле дека жалат поради распадот на Советскиот Сојуз, кој престана да постои во 1991 година.

Организацијата почнала да го реализира истражувањето една година по распадот на СССР. Ова е првпат од 2004 година повеќе од 65% од руските граѓани да изразат таков став.

Русите по Советскиот Сојуз најмногу жалеа во 2000 година, кога 75% од нив сакаа да се вратат во Советскиот Сојуз.

Интересно е и дека 60% од испитаниците веруваат дека колапсот на Советскиот Сојуз можел да се избегне.

Повеќето носталгичари се луѓе на возраст над 55 години. Но, во последниве години се зголемува и бројот на младите луѓе на возраст од 18 до 24 години што го делат нивниот став.

На повеќето Руси им недостига СССР поради престанокот на постоењето на заедничкиот економски систем на 15-те републики (52%), потоа поради чувството на припадност кон една голема светска сила (36%) и поради зголемувањето на непријателството меѓу поранешните сограѓани (31%).

Карина Пипија од Левада центарот вели дека во 2018 година процентот е толку висок поради реформата на пензискиот систем, поради која во пензија се оди пет години подоцна од досега.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија