Зошто сите сакаат да работат во М-НАВ: Еве колкава била просечната плата лани
Објавено во: Економија 19 Јули, 2025 11:20
Македонската навигација ги има едни од најтешките работни позиции, но и најдобро платени во Македонија. Чувањето на небото е нивна задача, но многу често избиваат скандали и обвинувања, кога станува збор за партизација на М-НАВ.
Во М-НАВ, според последните податоци, има плати кои ретко каде може да се добијат во земјава. Во 2024 година, просечната нето плата изнесувала 170 илјади денари. Платите биле високи и претходните години - во 2023 година, просекот бил 151 илјада, додека пак во 2022 година, имало просечна нето плата од 155 илјади денари.
Македонската навигација одлично котира и кај добивката. Во 2022 година, имале добивка од 137 милиони денари. Во 2023 година, добивката скокнала и изнесувала 256 милиони денари, а во 2024 година , сумата била пониска од претходната година – 159 милиони денари.
Последниот скандал кој изби во М-НАВ беше со вработување на Ивана Југ, сопруга на починатиот Игор Југ кој беше осуден за упадот во Собранието на 27 април, како и Атанас Стамнов, сопруг на директорката на Централниот регистар, Анита Стамнова, и потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Филип Ѓорѓиев.
Фактор објави и дека Член на надзорниот одбор што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член на комисијата која одлучувала за вработувањата на повторениот оглас, за кој Синдикатот на контролори на летање, најави дека ќе бара да биде поништен затоа што биле прескокнати ставки од колективниот договор, но и кажаа дека повторениот оглас не требало воопшто да се случи.
Според податоците, во Македонски навигации лани имало 309 вработени.
А.Т.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




