19 Декември, 2025
0.0755

Зошто странските инвеститори се радуваат на македонските плати?

Објавено во: Економија 02 Август, 2016 08:46

Добивај вести на Viber

Салдото на странските директни инвестиции во првите пет месеци од годинава изнесува 141,3 милиони евра. Споредено со истиот период лани, годинава има пораст од 49 милиони евра. Од Советот на странските инвеститори при Стопанската комора на Македонија велат дека според анкетата што ја спровеле во периодот март/април 2016 година помеѓу странските инвеститори во Македонија членки на Советот, дури 84% од испитаниците би инвестирале повторно во земјата. Добри бројки за македонски услови. А како и не би биле добри ако се знае какви се бенефиции добиваат странските инвеститори, со низа даночни, царински и комунални ослободувања за странските бизнисмени, како и субвенции од државата. Домашните бизнисмени реагираат дека дека Владата не го поттикнува домашниот бизнис и ги дискриминира македонските бизнисмени во однос на странските. Инаку работниците во странските компании, без разлика дали се во ТИРЗ или надвор напати обвинуваа за тешки услови во работењето, а за ниски плати. Пред две години во кавадаречки „Дрекслмаер“ дури беа најавувани и протести. Од фирмата, сега две години подоцна не сакаат да зборуваат повторно за платите. Инаку генерално ставот на странците е дека не може да се очекуваат германски плати во македонски услови. Признаваат дека отстапувања во платите има, но дека тие се минимални. Од Советот на инвеститори при СКМ, велат дека субвенциите кои ги добиваат странските инвеститори се пропишани со Законот за технолошки индустриски развојни зони. Во врска со висината на платите велат дека  просечната бруто плата по вработен во ТИРЗ не отстапува значајно од просечната плата во Македонија. „Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната нето плата надвор од ТИРЗ, доколку се земат предвид секторите кои се присутни во зоните, изнесува 17.555 денари (со вклучени трошоци за храна и превоз). Просечната нето плата исплатена на вработените во истите сектори, но пресметана за компаниите кои работат во зоните изнесува 16.143 денари (без трошоците за храна и превоз). Притоа, важно е да се истакне дека повеќето компании активни во ТИРЗ организираат автобуски  превоз за вработените и обезбедуваат оброк во текот на работното време. Отстапувањето во платите е минимално. Работниците се исплаќаат редовно и согласно законски прописи“, велат за Фактор од Советот на инвеститори. Според дел од истражувањата платите на вработените во десеттина странски компании во земјава изнеуваат околу 260 евра. Според податоците од финансиските извештаи за работењето на компаниите, највисоки плати има во Џонсон Мети и во Вистеон Електроникс, компанија која најави затворање на погонот во Македонија до крајот на годинава. Просечната плата на вработените во овие две компании била нешто повеќе од 30.000 денари, но тука се вклучени платите на менаџерите, кои го подигаат процесот.

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?