20 Декември, 2025
0.0475

Зошто туристите ја избираат Грција пред Турција?

Објавено во: Балкан 22 Август, 2015 12:16

Добивај вести на Viber

Грција и Турција - соседи и историски непријатели, ги делат истите сини води на Егејското Море, вкусна храна и древни урнатини, макар и само една од страните да заработува повеќе на туристичкиот фронт.

Иако е речиси во економски колапс, состојбата на Грција не влијаеше на привлекувањето на туристи, но близината на Турција кон военото жариште Сирија и заканата од терористички напади се покажаа како  вистински проблем, пишува Bloomberg.

Во ова лето ситуацијата не изгледаше воопшто добра за Грција. Сепак туристите кои бараат сончеви плажи и острови, ги наполнија џебовите со пари и се упатија назад кон Грција. Јули се покажа рекорден месец, покажуваат последните статистички податоци.

Сосема блиску, источно од грчките острови, се наоѓа Турција, чија економија расте, но туризмот далеку не се радува на добри резултати во оваа година.

Бројот на туристите кои пристигнуваат на турските аеродроми, почна да опаѓа во април. Во земјата имаше ескалација на насилството, која достигна кулминација со нападот врз дворецот Долмабахче - една од најпопуларните туристички атракции во Истанбул. Овој инцидент посеа стравови кај странските туристи, кои сметаат дека може да паднат на погрешно место во погрешно време.

Други фактори кои му влијае на туризмот во Турција беше една од најдобрите туристички дестинации за Русите. Колапсот на рубљата значи дека многумина веќе не можат да си дозволат да ја посетат земјата.

Посетителите кои доаѓаат од Русија, се намалиле за 24% во првите шест месеци од 2015 година во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Министерството за култура и туризам на Турција.

Дури Турците одат на одмори во Грција, каде што цените се намалија значително во споредба со оние во Турција.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација