29 Септември, 2024
0.2690

Зошто Twitter паѓа во дупка без дно?

Објавено во: Анализа, Мои пари 13 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Во 2009 година една слика го обиколи светот - треперливи луѓе газат по крилата на авионот во реката Хадсон во Њујорк. Интернет претприемачот Јанис Кромс од Флорида објавува нешто што се претвора во една од најпопуларните граѓански новинарски настапи во историјата. А тоа е токму слика на летот 1549 на US Airways во моментот во кој се спушта во реката Хадсон во Њујорк. Кромс ја објавува и следнава текстуална порака: "Има авион во Хадсон. Се наоѓам на фериботот кој оди да ги собере луѓето. Вистинска лудница ". Тој праќа твитови до своите тогаш 170 следбеници на услугата за кратки пораки Twitter. Потоа таа се шири како шумски пожар. twitter prva slika На овој ден сите ја препознаваат јачината на Twitter како платформа за жешки вести. Оттогаш услугата стана составен дел од медиумите. Дали станува збор за протестите во Египет или за атентатот на маратонот во Бостон - Twitter беше брз, иако не секогаш сигурен извор на информации. Компании и познати личности исто така ја открија услугата за пораки како кратка директна линија до своите клиенти и фанови. Има, меѓутоа, еден сериозен проблем - сето тоа само по себе не носи пари. А одеднаш пензионирајќи се извршниот директор Дик Костоло не успеа да открие за своите речиси пет години на чело на компанијата задоволително решение за бизнис моделот. Основачите првично долго време се одбиваа да пуштаат реклами, за да не се подплашат корисниците. На крајот се појави и рекламирање - во форма на платени твитови кои што компаниите можат да ги инфилтрираат во протокот на пораки за корисниците. Twitter забележува дека растот не е навистина толку лош - 436 милиони долари приходи од продажба во првиот квартал претставуваат скок од 74 отсто на годишна основа. Но берзата го мери Twitter во однос на доста постар конкурент Facebook. А тој како да игра во различна лига: 1,44 милијарди корисници, приходи од продажба во износ од 3,54 милијарди долари, добивка од 512 милиони долари. Twitter сепак со речиси 300 милиони потрошувачите излегува во загуба од 150 милиони долари. Принципиелно Wall Street не би казнил одредена компанија само за тоа дека е во загуба, ако на пазарот се обложува на иден висок раст. Но за Twitter тоа е доста дискутабилно. Минатата година компанијата потроши речиси 700 милиони долари за развој и над 600 милиони долари за маркетинг. И што освои во замена - 47 милиони нови претплатници, што претставува зголемување од 18 отсто. А податоците за бројот на корисниците се важни за Twitter, бидејќи поголемиот аудиториум ја прави мрежата попривлечна за рекламни. Последната стратегија на Дик Костоло беше да обрнат внимание на оние интернет корисници кои не се претплатници на Twitter, но сепак влегуваат во контакт со твитови. Тој се обиде да освои многу клиенти покрај Светското првенство минатата година, но искуството се круниса со неуспех. Освен тоа Twitter експериментира со копчиња за набавки, преку кои дадени предмети можат да се купат директно во веста. Но досега и тоа носи мал успех. Дури и долгогодишни инвеститори веќе губат трпение. Така на пример минатата недела интернет инвеститорот Крис Сака, долгогодишен активен пријател на Twitter, се огласи во отвореното писмо за големи промени. Според него, компанијата треба да обрне внимание на корисниците кои не ја следат постојано услугата и така најверојатно пропуштаат интересни вести. За таа цел Сака нуди воведување на канали за одделни теми во кои твитовите нема да се подредени по хронолошки редослед, како досега. Дали новите менаџери ќе го послушаат неговиот совет, ќе сфатиме по кратко време. Обработка: К.К. Извор: Die Welt.