16 Јануари, 2025
0.0279

Зошто Украинците посегнаа по гасоводот „Турски ток“ и дали е ова „катиљ ферман“ за Ердоган?

Објавено во: Економија 16 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Тој што ја гаѓаше компресорската станица на гасоводот „Турски ток“ не ја сака Русија, но лошо и мисли на Турција. Затоа што оваа голема држава, регионална економска велесила и воена супер сила на Блискиот Исток ја крепи економија која годишно конзумира над 16 милијарди кубни метри руски природен гас од овој гасовод. Токму овој гас го прави турскиот извоз регионално и глобално конкурентен и од него Турција генерира извоз вреден десетици милијарди евра.

Украински дронови деновиве извршија напад врз стратешки значајниот гасовод „Турски ток“ во рускиот јужен регион Краснодарск. Ја гаѓале гасната компресорска станица, но за среќа, немало жртви ниту пак е направена сериозна материјална штета, објави руското Министерство за одбрана.

„Турскиот ток“ е последниот функционален гасовод кој пренесува руски гас на европско тло. По минирањето на гасоводот „Северен ток 2“ пред две години и одбивањето на Украина, на 31 декември 2024 година, да го продолжи транзитот на руски природен гас преку нејзина територија „Турскиот ток“ остана единствена „цевка под притисок“ по која руски гас стигнува до европски потрошувачи.

Овој настан предизвика бура од реакции во регионот на југоисточна и централна Европа при што предничеше Унгарија која отворено го осуди нападот преку нејзиниот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Затоа што Унгарија стратешки зависи од рускиот природен гас, а значајни количества добива токму од европскиот крак на овој гасовод.

 Очекувано следеше реакција и на Димитри Песков, портпаролот на Кремљ кој овој напад го оцени како „енергетски тероризам“. Песков критикува иако, за волја на вистината,  руската страна континуирано врши напади врз енергетска инфраструктура во Украина и ја тероризира.

Кој најмногу ќе изгуби ако биде разнесен овој гасовод?

Главен губитник од прекин на работа на овој гасовод ќе биде само и исклучиво големата и силна Турција. Држава со над 80 милиони жители, со силна и трудоинтензивна економија, распослана на два континенти (Европа и Азија) и контролор на Босфорот – стратешки можеби најважната географска локација „хот-спот“ за Русија. Некои ја нарекуваат и устата на Русија. Заради тоа што е нејзина папочна врвца преку Црното море со Средоземното море и понатаму преку Суецкиот канал или на спротивната страна преку Гибралтарот.

Турската економија многу зависи од рускиот природен гас. Второстепено е тоа што оваа земја е транзитен центар за рускиот гас кон Европа. Затоа што Турција конзумира над 16 милијарди кубни метри руски природен гас годишно. Рестото до 32 милијарди кубни метри (колку што е неговиот годишен проточен капацитет) оди во транзит за неколку земји од средна и југоисточна Европа. 

И сликовито за значењето на „Турскиот ток“ доволно е да потсетиме дека на 8 јануари 2020 година лично Реџер Таип Ердоган долговечниот претседател на Турција и Владимир Путин , кој владее со Русија 25 години од август 1999 година свечено го пуштија во функција овој гасовод што има два крака кои поминуваат по дното на Црното Море. И не треба повеќе многу да се говори за стратешкото партнерство меѓу НАТО државата Турција и светската воена супер сила Русија која воедно е и најпространата држава на светот.

Најголем губитник од нефункционален „Турски ток“ е самата Турција. Затоа што овој гасовод е нејзината енергетска артерија. Без него турската економија на национално ниво, но и регионално и глобално забрзано ќе ја губи својата конкурентност. И тоа особено на регионалните пазари. А за тоа колку и се насушно потребни девизните приливи од извоз за справување со бесната инфлација не треба ниту да се зборува.

Исклучувањето на оваа енергетска артерија прво ќе предизвика економски шок и осиромашување преку губење на работни места и намалување на извозот до пад пад на домашното производство. Тоа неминовно може да направи големо незадоволство кое ќе произведе нова голема социјална криза која ќе го зголеми незадоволството кај милиони Турци. А нивно излегување на улиците и немири никому не можат да донесат добро. Освен, нели, на оние што не и мислат добро на Турција и на тие кои преку овој напад на рускиот гасовод сакаат да му пратат порака на „Бабо“ односно на турскиот претседател Ердоган.

И уште еден важен момент. Турција е регионална супер сила. А има и убедливо најбројна армија. И токму заради тоа е балансер на Блискиот Исток. Значи безредие во Турција ќе значи дестабилизација на целиот регион на Блискиот Исток. А кому сега му одговара таква дестабилизација?

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

ЕНЕРГЕТСКИ ЈАЗ: Европа ризикува да не ги исполни своите цели за складирање гас за следната зима

ЕНЕРГЕТСКИ ЈАЗ: Европа ризикува да не ги исполни своите цели за складирање гас за следната зима

ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД - еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција

ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД - еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција

Скопска топилница по 13 години повторно започнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно започнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

СЈАЈОТ И БЕДАТА НА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Дали беше поскапа или поевтина празничната трпеза

СЈАЈОТ И БЕДАТА НА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Дали беше поскапа или поевтина празничната трпеза