Зошто вакцинациите против Ковид-19 не траат подолго?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 12 Октомври, 2021 20:45
Вакцините против мали сипаници штитат од 10 до 20 години, а oние против тетанус траат една деценија или повеќе. Но, американските официјални претставници размислуваат дали да одобрат бустер на ковид-19 за вакцинирани возрасни, шест месеци по првата инокулација, пишува Вол Стрит Џурнал.
Целта на вакцината е да обезбеди заштита што ја овозможува природна инфекција, но без ризик од сериозни болести или смрт.
„Добрата вакцина придонесува некој да не се зарази дури и ако е изложен на вирусот“, рече Рустом Антиа, професор по биологија на Универзитетот Емори, кој ги проучува имунолошките одговори.
„Но, не сите вакцини се идеални“, вели тој.
Трите нивоа на одбрана, рече тој, вклучуваат целосна заштита од инфекција и пренос; заштита од сериозни болести и пренос; или заштита само од сериозни болести.
Ефективноста зависи од имунолошкиот одговор што го предизвикува вакцината, од тоа колку брзо се распаѓаат добиените антитела, дали вирусот или бактериите имаат тенденција да мутираат и локацијата на инфекцијата.
Прагот на заштита е нивото на имунитет што е доволно за да не се разболите.
Т-клетките исто така придонесуваат за заштита, но антителата е полесно да се измерат.Вакцините Џонсон и Џонсон и АстраЗенека, користат аденовирус , а вакцините Фајзер и Модерна кои делуваат поинаку, воопшто не содржат вирус.
Но, потешко е да се контролираат вирусите и бактериите кои мутираат за да избегаат од имунолошкиот одговор на телото.
PHOTO: JILL CONNELLY/BLOOMBERG NEWS
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република





