Зошто Владата е против оценка на уставноста на спорниот член од Законот за прислушкување?
Објавено во: Анализа 12 Октомври, 2017 08:09
Одлуката на Владата на Република Македонија да му даде мислење на Уставниот суд со кој се препорачува да не се оценува уставноста на членот 175 од Законот за следење на комуникациите предизвика големи полемики пред се кај стручната јавност бидејќи во овој период фокусот премногу е ставен на самите избори. Секако,мислењето да не се оценува уставноста на спорниот член со кој се предвидува самите телекомуникациски оператори да обезбедат следење на комуникацијата на граѓаните во реално време повлекува повеќе прашања.

Од Владата дополнително објаснуваат дека само со оценување на еден член од законот нема да се постигнат посакуваните ефекти, односно треба да му се даде простор на веќе започнатиот процес на реформи на тајните служби за што се изработени четири можни модели од кои еден ќе биде одбран по екстензивна консултација со експертите преку јавна и транспарентна јавна дебата.
Што е спорно во членот 175 од „Законот за прислушкување“?
Во членот 175 од Законот за следење на комуникации се предвидува операторите се должни да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите во нивните мрежи. Тие се должни на сопствен трошок да обезбедат и одржуваат опрема, соодветен интерфејс и да воспостават електронски комуникациски водови за пренос до овластениот орган за следење на комуникации, со цел да се овозможи следењето на комуникациите во нивната мрежа, во согласност со Законот за следење на комуникациите.
Информацијата за следената комуникација треба да биде на располагање веднаш по завршувањето на комуникацијата, а следењето на комуникацијата треба да биде непрекинато за цело време на нејзиното траење.
Исто така граѓанинот кој е предмет на следење во текот на „акцијата“ не треба да забележи никаква промена во квалитетот на телекомуникациската услуга. Во законот спорно е тоа што и се дава неограничена моќ на Управата за безбедност и контраразузнавање, а не е јасно кој ја издава наредбата бидејќи се крши уставното начело за обезбедување на судски налог.
Како дојде до иницијативата до Уставен?
Од Владата како што веќе наведовме излегоа со дополнително образложение на донесената одлука и посочуваат дека проблемот ќе биде решаван етапно.
„Предлозите на законските решенија на работната група, направени согласно препораките на меѓународните и домашните експерти, се во завршна фаза и наскоро ќе бидат објавени. Тоа е и во приоритетите на Планот 3-6-9. И тоа во овој, тековен временски интервал од планот“ велат од Владата.
Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена во 2015 година кога СДСМ започна да ги објавува „бомбите“ со прислушкуваните разговори, потоа беше дел од препораките на Прибе за реформи, но дури во јуни годинава истата беше прифатена.
Автор: Христијан Станоевиќ* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





