Зошто за плата од 500 евра никој не сака да биде овчар во Македонија?
Објавено во: Агробизнис 25 Декември, 2018
Сточарите ширум Македонија мака мачат да најдат овчар, иако нудат плата од 500 евра.
Овој проблем го има и во источниот и во западниот дел на Македонија. Скендер Аме, претседател на Здружението на сточари „Даши“ од Дебар вели дека во Дебарско има 40.000 грла овци, тој поседува 700 овци, но добар овчар тешко се наоѓа.
„Секој сака да работи, но 8 часа, додека овчарството бара 24 часа работа. Тоа е тешка работа, човекот ќе биде далеку од луѓето, во планина, само со овците и ќе биде зафатен. Имам сега овчар од Албанија, порано доаѓаа од Косово, но сега бегаат и тие во Германија, Италија, па и Хрватска каде се нудат плати за овчари од 800 до 1.000 евра со обезбедена храна. Европа моли за овчари. Друга работа е тоа што пред десет години и сега цената на сирењето е иста. Волната порано се продаваше, сега се фрла. Ние мораме да плаќаме даноци, пашарина, и треба државата да има стратегија за да овчарството оди напред“, вели Аме.
Неговите стада се во Дебар, а преку лето се во околината на Галичник.
Во Велешко 380 грла овци има Митко Јанков, претседател на Здружението Агроцентар од Велес. Тој вели дека е тешко да се најде добар овчар, кој си ја знае работата.
„По месец дена едвај успеав да најдам овчар од Македонија. Имало претходно овчари и од Албанија, но не се сигурни, и може да си отидат преку ноќ. Кога ќе се спомене зборот овчар, понижување им е на луѓето, иако во самиот тој збор нема ништо лошо. Добар овчар се плаќа од 500 евра па нагоре. Но, тој треба да си ја знае работата, да помогне при јагнење, да знае дека јагнињата треба да се задојат, да забележи ако има некаква болест, да знае за храната на стадото што и како треба“, додава тој.
За себе вели дека бил во странство, но се вратил да се занимава со работата која претходно ја вршел татко му.
Смета дека добар начин е да се поттикнат луѓето кои се приматели на социјална помош и немаат образование, да се насочат кон сточарската дејност. На тој начин ќе им се олесни на сточарите потрагата по овчари.
Овчари се бараат во Грција, Турција, но и соседна Србија, а платите кои се нудат не се за потценување. Бројни огласи оваа 2018 година има и во БиХ, каде се нудат месечно по 450 конвертабилни марки за овчари. Но, предност се дава на оние кои веќе имаат искуство.
Сања Атанасовскафото централна.ба
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.