28 Септември, 2024
0.0300

Зошто Zara го држи лидерското место во “брзата мода“?

Објавено во: Анализа 30 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Колку време му е потребно на седиштето на шпанската модна корпорација Inditex во Ла Коруња, Шпанија, да изврши нарачка за облека направена од продавница во Хонг Конг? Одговорот е 48 часа. Тоа го открива видео, прикажано за време на медиумската турнеја во новиот магазин на Zara во Хонгконг. Тоа всушност илустрира зошто брендот е позната како пионер во "брзата мода". Двапати неделно сите над 1900 продавници на Zara низ целиот свет испраќаат наредби до седиштето на компанијата во Шпанија. Во рок од осум часа по правење на нарачката облеката е подготвена за испорака. За 48 часа топ производите пристигнуваат во продавниците. Не станува збор само за брзината, туку за тоа компанијата да се увери дека секоја продавница ги добива вистинските резерви, тврди портпаролот на Inditex Хесус Ечевари. Според него една нова колекција може да биде измислена и направена од сите 350 дизајнери на компанијата во рок од три до четири недели. Брзината и флексибилноста се одговорот на модните барања на корисниците. Тие се и главните двигатели кои стојат зад успехот на компании како шпанската Inditex и јапонската Retailing Co. Која го поседува брендот Uniqlo. Во моментов Inditex е на врвот во трговијата на мало во сферата на модата по приходи. Но во Азија врвот во трговијата на мало го држи Fast Retailing, а таа има амбиција да започне да доминира и на светскиот пазар до 2020 година. Во меѓувреме Inditex работи на својата експанзија во Азија. Другите трговците се обидуваат да се прилагодат на трендот. Минатата година извршниот директор на Esprit Хозе Мануел Мартинез Гутиерез изјави дека намалувањето на времето од создавањето на дизајнот до продажбата на облека е "најсложениот, но и најважниот дел од бизнисот". Ечевари од Inditex пак изјави дека компанијата ќе започне да работи со виртуелната продавница на Alibaba Group Holding - Tmall.  Тоа ќе се случи за време на сезоната есен-зима во 2014 година. Zara уште подготвува и онлајн стратегија во Кина и ќе објави повеќе информации за неа во септември, откри тој.Така за првпат шпанскиот синџир ќе користи сајт на трета страна, за да продава облека. К.К.