30 Април, 2024
0.0273

ШТО ГИ СПУШТИ НАДОЛУ БАНКАРСКИТЕ ПРОФИТИ - уште се добри, ама короната ги нагриза

Објавено во: Економија 21 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Корона кризата дефинитивно го погоди банкарскиот сектор во земјава. Во првото полугодие од годинава вкупниот профит на сите, тогаш 15 банки во земјава, се намалил за дури 13,5 милиони евра.

Народна банка на Македонија ги објави долгоочекуваните податоци за профитабилноста на банкарскиот сектор, кои се однесуваат на првите шест месеци од годинава.

Тие покажуваат дека од јануари до јуни годинава сите македеонски банки оствариле вкупен профит од 44,5 милиони евра, што е за 13 и пол милиони евра помалку од 58 милиони евра, колку што во првото полугодие лани профитирале македонските банки.

ЗГОЛЕМЕНИ ИСПРАВКИТЕ ПОРАДИ ЛОШИТЕ ПЛАСМАНИ

Ако се погледнат билансите на банкарските приходи и расходи, може да се констатира дека главната причина за намалениот вкупен профит се зголемените исправки на вредноста поради лошите пласмани. Односно, граѓаните и фирмите поради кризата не можеле да ги враќаат кредитите, а колку поризичен се смета пласманот, банката за него мора да издвојува поголеми резервации, што се книжи како расход, и влијае на намалување на профитабилноста на банката.

Односно, во првата половина од годинава, резервациите кои се банкарски расходи, се зголемиле на 52,5 милиони евра, наспроти 31 милиони евра во истиот период од минатата година, што значи има пораст од дури 21,5 милиони евра. Тоа се смета како клучна причина за намалените банкарски профити.

Треба да се има предвид и дека, почнувајќи од април годинава, македонските граѓани кои изразија таква желба, а тоа беа дури 70 отсто од кредитокорисниците, беа ослободени од плаќање на ратите и каматите за своите кредити кон банките. Ова не значи дека овие пари банките нема да си ги наплатат во следниот период, бидејќи почнувајќи од октомври, граѓаните ќе мораат да стартуваат со отплата на кредитите, а ќе треба да ја плаќаат и каматата заедно со другите рати од кредитот, односно таа ќе им се распредели во натамошната отплата на заемите.  

НЕТО ПРИХОДИТЕ ОД КАМАТИ НЕ САМО ШТО НЕ ПАДНАЛЕ, ТУКУ ПОРАСНАЛЕ

А нето приходите од камати во првото полугодие од годинава не само што не се намалиле, туку и се зголемени за околу 500 илјади евра. Во однос на лани намалени се и прходите и расходите за камати, но нивната разлика е поголема и тоа ги зголемува нето приходите од камати, што е поповолно за банките.

Од јануари заклучно со јуни годинава банките заработиле помалку пари од провизии и надоместоци, или нецели 37 милиони евра, наспроти околу 40 милиони евра во истиот период лани.

Она што бележи значајно подобрување во банкарските биланси во однос на лани, се останатите приходи од дејноста, кои во првите шест месеци од годинава двојно пораснале, и кои се всушност причина што банкарските профити не паднале уште повеќе од она што сега реално се намалаени. Па така, од останати приходи од дејноста банките во првото полугодие годинава заработиле 26 милиони евра, наспроти нецели 13 милиони евра во истиот период од минатата година.

Кога станува збор за останатите расходи од дејноста, пак, тие во првите шест месеци од годинава се пораснати за само еден милион евра, од 42, на 43 милиони евра.

Пораст од нецел еден милион евра има и кај трошоците за вработените на банките, кои во првото полугодие од годнава се 42,5 милиони евра.

Вчера и Државниот завод за статистика објави дека во јуни банкарските плати во однос на мал пораснале за 20 проценти, што покажува дека банкарските плати растат и во време кога економијата е погодена од ковид кризата.

А ако се гледа кои групи банки прават најголеми профити, тоа се повторно големите банки. Големата банкарска петорка остварила профит од 47 млиони евра, што е повеќе од вкупниот банкарски профит, а што се должи на загубата на средните банки.

ГОЛЕМИТЕ БАНКИ СО ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ, ЕУРОСТАНДАРД ИМАЛА ЗАГУБА

Дел од големите банки веќе ги објавија резултататите.

Комерцијална банка има поголема добивка од лани. Во услови на светска пандемија на ковид-19 и во време кога на домашната економија не и оди добро, Комерцијална банка оствари добивка од 12,1 милиони евра за првите шест месеци, што е за 1,1 милиони евра подобар резултат од лани.

НЛБ банка во првото полугодие има исто одлична добивка од 11,5 милиони евра, што е сепак за 26,8 отсто пониска од истиот период лани, а што се должи на драстично зголемениот трошок за резервации, што беше и очекувано со оглед на негативното влијание што врз економијата го има пандемијата од ковид-19.

Додека, пак, седумте средни банки во првото полугодие од годинава прикажуваат загуба од 3,7 милиони евра.

Овде треба да се напомене дека во групата на средни банки влегуваше и Еуростандард банка, која првично беше мала банка, во откако во 2014 година кон неа се присоедини Поштенска банка, таа влезе во рангот на средни банки. 

Со оглед на фактот што НБМ, кога одлучи да и ја одземе дозволата за работа на Еурстандард банка, извести дека таа банка имала големи загуби, додека сите други банки се профитабилни, јасно е дека оваа негатива најмногу се должи на лошиот финансиски резултат на Еуростандард банка.

Од Комитетот за финансиска стабилност неодамна соопштија дека добивката на банките е намалена во изминатиот период, но показателите за профитабилноста на банкарскиот систем се исклучително солидни. 

„Со изземање на Еуростандард банка од системот, според податоците на Народната банка со состојба на 30 јуни 2020 година, кај финансискиот резултат на системот се забележува подобрување за речиси 21 отсто“, известија од Комитетот.

Додека, пак, трите мали банки во првото полугодие годинава имале вкупна добивка од 1,1 милиони евра.

Во истиот период лани, пак, големите банки имале добивка од 56 милиони евра, што значи дека сага кај нив имаме намалување на финансискиот резултат. Средните банки лани биле профитабилни, иако со мал вкупен профит од 500 илјади евра, а малите банки имале вкупна добивка од 1,5 милиони евра.

А по пропаѓањето на Еуростандард банка, штедачите сепак продолжуваат да им веруваат на домашните банки, па како што тврдат надлежните, тие не ги повлекуваат своите депозити од другите банки каде што штедат.

Штедачите, пак, кои имале над 30 илјади евра како депозит во Еуростандард банка, а тие се 780 на број, се организираат за подобар настап за остварување на нивните права. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година