НЛБ го зголеми кредитирањето, добивката изнесува 11,9 милиони евра
Објавено во: Финансии 10 Август, 2020 10:09
НЛБ Банка има солидни резултати со оглед на условите во кои работи и негативните влијанија на пандемијата што царува од март годинава. Добивка од речиси 12 милиони евра, очекувано пониска заради очекувано зголемените резервации, зголемено кредитирање, раст на депозитите.
НЛБ Банка во „корона“ кварталот (периодот април – јуни) успеа да оствари добивка од 4,7 милиони евра, што за вонредните услови на работење е одличен показател за успешната деловна политика на една од трите најголеми банки во земјава.
Банката има одличен квартал и со антиципираните зголемувања на трошоците за резервации и намалената добивка. Нето приходите од камати во периодот април - јуни изнесуваат 11,9 милиони евра исто како и во првиот квартал. За првото полугодие на нето основа банката од камати остварила вкупен приход од 23,8 милиони евра. Мало снижување од 5 отсто има кај нето приходите од провизии и надоместоци во првата половина на годинава во споредба со истиот период лани. Вкупно нето приходите од надоместоци и провизии од почеток на јануари до карј на јуни изнесуваат 8,2 милиони евра. Од тоа во вториот квартал приходот е 3,9 милиони евра што е само за нијанса помалку од првиот квартал кога изнесуваат 4,3 милиони евра.
Добивката на банката за половина година изнесува 11,5 милиони евра и таа е за 26,8 отсто пониска од истиот период лани токму заради драстично зголемениот трошок за резервации, што беше и очекувано со оглед на негативното влијание што врз економијата го има пандемијата од COVID 19.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





