15 Декември, 2025
0.0377

АЗЕСКИ ПАНЕЛИСТ НА РЕГИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЕДЕН РЕГИОН, ЕДЕН ПАЗАР – ЧЕКОР КОН ЕДИНСТВЕНИОТ ПАЗАР НА ЕУ“ ВО НОВИ САД

Објавено во: Економија 13 Мај, 2025 09:17

Добивај вести на Viber

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ќе учествува како главен панелист на престижната 9. Регионална конференција – Еден Регион Еден Пазар – Чекор кон Единствениот пазар на ЕУ што се одржува денеска, 13 мај 2025 година, во Нови Сад. Настанот со наслов „Иднината на растот предводен од иновации 2025“ има цел да ги обедини водечките деловни лидери, креаторите на политики и претставниците на меѓународната заедница во насока на практично унапредување на регионалната економска интеграција на Западен Балкан.

Азески ќе биде дел од јавна панел-дискусија на високо ниво, каде што се очекува да ги сподели своите ставови за економската соработка во регионот и стратешката улога на иновациите во поттикнувањето одржлив раст. Неговото присуство е потврда за континуираната заложба на Комората да ја унапреди регионалната поврзаност и да поддржи политики кои ги отсликуваат реалните потреби и барања на деловната заедница од регионот.

Конференцијата ќе обедини над 150 учесници, меѓу кои претприемачи, генерални директори, инвеститори и претставници на владини институции од регионот и од Европската Унија. Главна намера е приватниот сектор да биде активно вклучен во креирањето јавни политики преку размена на идеи околу елиминирањето на трговските бариери, поттикнувањето инвестиции и создавањето функционален заеднички пазар.

Како носечки регионален глас во економската сфера, присуството на претседателот Азески на овој значаен меѓународен форум ја потврдува проактивната улога на Македонија во обликувањето на иднината на економијата во Западен Балкан.



Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност