Бучковски ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2020
Eкс премиерот и министер, Владо Бучковски, ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија, откако Владата предмалку го именува Бучковски на оваа позиција, објави „360 степени“.
Тој е често присутен и на медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата со Северна Македонија.
Стратешка грешка е ветото на Бугарија кон Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ, изјави во ноември Бучковски, во специјалното интервју за бугарската ТВ Европа.
„Се надевавме дека европска Бугарија ќе го европеизира Балканот, но за жал, видовме балканизација на Европа. Говор на омраза во Македонија има, но тој не доаѓа од владејачката партија, туку од опозицијата и нејзините медиуми“, истакнал Бучковски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.