22 Јануари, 2025
0.0322

„Чарлиевите ангели“ или „Сваровски судство“: Кој серијал ќе продолжи во Македонија?!

Секогаш одмерено, но многу прецизно и елоквентно, храбрите специјални обвинителки на секоја прес конференција, презентирајќи нови случаи за криминал, ја покажуваа нивната непоколебливост да истраат во битката за правдата

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Наташа Стојановска

Специјална премиера на „Чарлиевите ангели“ веќе една година се прикажува во Македонија, а главните актерки Катица Јанева, Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи водат битка со вистинскиот криминал сконцентриран кај најголемите моќници. Странските медиуми за нив напишаа дека „расчистуваат со криминалот во Македонија“, а власта упорно се обидува да го забрани овој македонски серијал во кој токму таа ја има главната улога на „негативец“.  

Нивниот пат во непоколебливата битка за правдата е трасиран, но сеуште не е целосно пробиен оти колку се тие поупорни во обидот да го растресат целиот политички систем кој е навлезен во корупција, толку поголеми препреки добиваат токму од оние од оние што треба да бидат исправени  пред лицето на правдата.

А клучот е во времето

Специјалните обвинителки имаат уште шест месеци на располагање, но велат : Овој рок што го имаме е недоволен, нам ни треба уште време за да може да се преслушаат сите телефонски разговори и да се реконструира текот на парите. Токму затоа, Никола Груевски и соработниците, посочени како главни „негативци“ во серијалите кои почнуваат на буквата „Т“, сакаат мандатот на специјалните обвинителки да заврши во јуни.

Веќе е јасно дека „Чарлиевите ангели“, ќе бидат клучна точка за која партиите ќе преговараат деновиве кога ќе договараат формирање коалиција за нова влада. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети јасно кажа дека една од точките за влез во новата влада е продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, но ставот на неговиот досегашен коалиционен партнер Никола Груевски е сосема спротивен. Како, и кој со кого ќе преговара и што ќе договори – веројатно ќе се знае на крајот на месецот, но мала е веројатноста дека „Чарлиевите ангели“ ќе престанат да се прикажуваат  по шест месеци.  

Огромна популарност

Нивната полуларност е толку голема, што за нив пишуваа многу странски медиуми, а нивните прес конференции во земјава со нетрпение се очекуваа, и со огромно внимание ги следеше веројатно целата македонска јавност.

Уште на првата прес конференција, кога го презентираа случајот со кодно име „Титаник“,  ја најавија бескромпромисната битка со криминалот во земјава. Потоа следуваа Тортура, ТНТ, Транспортер, Тврдина, Трезор, Топлик,  Тендери и Таргет. Сите кодни имиња за случаите што Специјалното јавно обвинителство ги покрена почнуваат со буквата „Т“.  Но, тајната на буквата „Т“ досега не ја открија, и веројатно за тоа ќе чекаат специјален ден.  

Секогаш одмерено, но многу прецизно и елоквентно, храбрите специјални обвинителки на секоја прес конференција, презентирајќи нови случаи за криминал, ја покажуваа нивната непоколебливост да истраат во битката за правдата и враќање на довербата во судскиот систем.

Фетаи, со својата жестина, енергија и сигурност во настапите објаснувајќи ги во детали случаите покрај на македонски јазик, куси пораки праќаше и на јазиците на другите националности во земјава со цел како што рече, крикот на правдата да стигне до сите граѓани во земјава. Ристовска пак со невидена смиреност и трпеливост одговараше на сите новинарски прашања без исклучок.  

Носеа „Сваровски“!

Двете специјални обвинителки станаа вистински звезди, кои носат надеж дека Македонија може да биде држава во која законите ќе важат подеднакво за сите,  граѓаните ќе веруваат во судовите, а не држава во која судиите се поткупуваат со накит од сваровски, како што се слушна од „бомбите“ на опозицијата поради што судството добие епитет „сваровски судство“.

И токму во знакот на таквата симболика Ристовска и Фетаи во судниците, покрај доказите за случаите и решителноста да истараат во битката за  правдата, со себе носеа и накит од сваровски.

Сваровски обетките на Фетаи, блескаа во судницата каде како обвинет седеше Никола Груевски, но од неа пленеше мотивот да ја докаже витстината, која е како шило и којаеден ден ќе исплива на површина.  

Сваровски пенкалото на Ристовска, пак не остана незабележано кога во судницата се испишуваа страниците против Горан Грујовски, поранешен  шефот н ДБК и првоосомничен за нелегалното прислушување.  

Сваровски накитот  кај овие две обвинителки, сега е симбол дека доаѓа крајот на таквото судство и дека е време судиите да решат дали Македонија е зрела за правна држава или ќе остане заробеник на стравот и послушноста, како што самите обвинителки велат.

Кого седнаа на обвинителна клупа

Тие успеаа да седнат видни фунционери на обвинителна клупа.  Никола Груевски, Сашо Мијалков,  Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, Елизабета Канчевска Милевска, Крили Божиновски – поминаа долги часови низ судниците.  Кога излегуваа од судот, од лицето им се читаше дека специјалните обвинителки им го нарушија комодитетот и недопирливо1ста што ја ужуваа цела деценија.  

Но, и специјалните обвинителки имаа и многу непроспиени ноќи,  дежурајќи во МВР, кога повторно беа попречени да дојдат до вистината за тоа кој, кого и колку прислушувал. И додека некој купуваше време, некој ги избришал податоците кои ним им беа потребни.  И покрај сопките на кои постојано наидуваа, Ристовска и Фетаи потенцираа дека откажување нема, посочувајќи дека правдата ќе го стигне секој кој се огрешил пред законот

За нивната решителност, пожртвуваност и професионализам, зборува и фактот дека Фетаи, по само три месеци го прекрати трудничкото боледување и се предаде на работата, посочувајќи дека има свекрва која може да го причува детето. А Ристовска пак вели дека неа не и треба обезбедување,  храбро изјавувајќи дека ако нешто и се случи, веднаш ќе биде јасно кој стои зад тоа.

Секако, додека најголемиот дел од македонската јавност очекува продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, оние кои се засегнати од истрагите на специјалните обвинителки, ги обвинија дека работат во интерес на опозицијата, и дека се испостава токму на СДСМ и странските служби под чиј налог работеле. 

Можеби ќе ве интересира

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

ЛЕКОВИ, ИНСУЛИНСКИ ИГЛИ, КЛУЧЕВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ОБЛЕКА - цариниците со „полни раце работа“, еве што се заплениле

ЛЕКОВИ, ИНСУЛИНСКИ ИГЛИ, КЛУЧЕВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ОБЛЕКА - цариниците со „полни раце работа“, еве што се заплениле

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?

СЕ БОРИМЕ СО БРИСЕЛ, БЕРЛИН, ПАРИЗ, ЛОНДОН...НАШИОТ ГЛАС Е СЀ ПОСИЛЕН: Мицкоски уште еднаш се огласи од САД, се сретна со близок соработник на Трамп

СЕ БОРИМЕ СО БРИСЕЛ, БЕРЛИН, ПАРИЗ, ЛОНДОН...НАШИОТ ГЛАС Е СЀ ПОСИЛЕН: Мицкоски уште еднаш се огласи од САД, се сретна со близок соработник на Трамп

НА ОНКОЛОГИЈА ПОВТОРНО НЕМА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА: Недостигаат лекови за најтешките пациенти со карциноми

НА ОНКОЛОГИЈА ПОВТОРНО НЕМА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА: Недостигаат лекови за најтешките пациенти со карциноми