20 Декември, 2025
0.0708

Црвен крст во акција - Промоција на хумани вредности Црвен крст на Р.Македонија

Црвен крст организира голем Хуманитарен концерт на 10 Март во АРМ – за помош на самохрана мајка

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2017 16:20

Добивај вести на Viber

Под мотото „Подај рака – спаси некого од мака“ на 10 март 2017 година во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи хуманитарен фолклорен концерт со почеток од 20 часот. Целта на овој хуманитарен концерт е собирање на финансиска помош за самохрана невработена мајка од населбата Козле во Скопје, која со своето малолетно дете живее во многу тешка состојба. Собраните средства ќе се искористат за санирање на кровот, поставување на соодветни врати и прозорци, санирање на подот и купување на апарати за домаќинство. Билетите ќе чинат 100 денари и истите може да се купат на билетарницата во Домот на АРМ или пред почетокот на концертот.

За таа цел ги покануваме сите што сакаат да помогнат, да дојдат и да го проследат хуманитарниот концерт.

Концеротот е во организација на Општинската организација на Црвениот крст од општината Карпош, Асоцијацијата на европски студенстски структури „Аегее“ и фолкорното друштво „Блажевски“.

Хуманитарниот концерт што ќе се одржи во петок на 10 март 2017 година во Скопје е дел од програмата Црвен крст во акција - Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ)  кој претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.Македонија. Истата се имплементира во сите општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работаат со младинците.

Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество. Во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население. На годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3.000 лица во нашата земја, на некои краткорочно, додека пак за некои помошта е долгорочна.

Имплементацијата на програмата Црвен крст во акција - Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) оваа година e овозможена со поддршка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии