Град Скопје нема прeцизна статистика за исплатените тужби кон граѓани каснати од кучиња скитници
Објавено во: Македонија 05 Август, 2019 06:55
Град Скопје му исплаќа од 1.000 до 3.000 евра отштета на граѓанин кој е каснат од куче скитник, а најчесто во судските постапки кој ги покренуваат „жртвите“, градот е странката која губи. Иако се повеќе жители на градот пријавуваат дека биле каснати, од градската управа за Фактор не открија колку судски постапки се покренати и колку пари од градскиот буџет ги чини ова обесштетување. Инаку каснатите граѓани веднаш по пријавата ги добиваат и потребните вакцини и инјекции кои ФЗОМ го чинат и по неколку десетици илјади денари, но тоа граѓаните не го плаќаат. Освен финансискиот трошок, кој колку и да е, можеби може да се занемари, граѓаните велат дека со страв пешачат и трчаат во градскиот парк и на кејот на реката Вардар. Се повеќе од нив биле жртви на скитниците. Речиси секојдневно во билтенот на Министерството за внатрешни работи има пријави од граѓани кои биле каснати од улични кучиња.
Според сведоштвата, секој ден пред клиниките има редици луѓе за вакцини и потребен медицински третман за превенција од болестите коишто може да ги носат со себе кучињата скитници.
Фактор го контактираше Град Скопје и праша колку граѓани на годишно ниво пријавиле дека биле нападнати, но и колку од каснатите граѓани поднеле тужба против нив. Оттаму велат дека е тешко да се направи целосна статистика
„Во однос од лицата кои се касната од кучиња скитници, тешко е да се направи целосна статистика по колку пријави имаме годишно за оваа ставка, како и колку пари се издвојуваат за оваа ставка на годишно ниво. Трошоците од предмет до предмет во зависност од степенот на штетата изнесуваат од 60 илјади до 180 илјади денари, стои во одговорот од град Скопје.

Изминатиов период стационарот „Вардариште“ прејде од надлежност на новото јавно претпријатие „Лајка“ кое под своја надлежност во целост ќе ги преземе активностите за заловување на животните скитници.
Додека „Вардариште“, во
изминатиов период ќе започне со реконструкција на двата постоечки објекти. Со
неговата реконструкција и проширување, покрај подобрувањето на условите, од
Град Скопје велат дека, ќе се зголеми капацитетот од 110 на 230 места за
кучиња.
Од градот велат дека покрај подобрување
на условите во стационарот, Град Скопје работел на целосно нов систем за работа
со кучињата скитници, а воедно да се спречи механичкото зголемување на нивниот
број преку спречување на т.н. „неодговорно сопствеништво“.
За да се спречи појавувањето на нови кучиња скитници, односно оставањето на малите кутриња од домашните кучиња на улица, Агенцијата за храна и ветеринарство во голема акција, заклучно до 31 март, годинава исчипирала бесплатно 32.000 животни, акција која ќе помогне во изработката на Регистарот на миленици.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




