22 Јануари, 2025
0.0266

ЛЕКОВИ, ИНСУЛИНСКИ ИГЛИ, КЛУЧЕВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ОБЛЕКА - цариниците со „полни раце работа“, еве што се заплениле

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Облека, обувки, лекови, медициснки игли, цигари.... ова се дел од производите кои царинските службеници и мобилните тимови на Царинската управа ги заплениле откако откриле обиди за нивно нелегално внесување или изнесување од нашата земја. 

Како што соопштуваат од Царинската управа, во текот на изминатата недела мобилен тим спречи обид за шверц на 2.220 парчиња лекови и тоа: таблети Jardiance од 25 мг – 780 парчиња, инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml – 40 парчиња, таблети Xarelto 15 мг – 728 парчиња и таблети Eliquis 5 мг – 672 парчиња. Случајот е откриен во внатрешноста на државата кај патарината Романовце при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на релација Турција-Косово.

Во слична ситуација пронајдени се и 1.100 инсулински игли, кои биле откриени од мобилен царински тим при контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Во автобусот кој сообраќал на релација Биелефелд – Струга пронајдени се и непријавени 57 термомотори и термостати за регулирање на подно греење.

Цариниците откриле и 183 клучеви за возила и 98 делови и уреди за декодирање на клучеви се откриени на Меѓународниот аеродром Скопје во патните торби на државјанка на Косово која допатувала со лет од Виена.

Наш сограѓанин сеобидел да внесе 123 парчиња автоделови, кои биле пронајдени под задното седиште и во просторот за резервна гума на комбе со бугарски регистарски таблички, на влез во државата на граничниот премин Делчево.

- Служба за мобилни скенери спречи обид за криумчарење на седум делови за моторна санка. Делото е откриено на влез во државата на граничен премин Табановце при контрола на  камион со македонски регистарски таблички, во којшто биле скриени деловите. 

Царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје во багажот на двајца романски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон открија 144 штеки цигари и 960 грама тутун.

Откриени се и 73 парчиња облека и обувки од страна на Службата за мобилни скенери, во патните торби на македонски државјанин при контрола на автобус на граничниот премин Табановце - соопштуваат од Царинската управа. 


Фото: Принтскрин/Царинска управа

Можеби ќе ве интересира

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?

СЕ БОРИМЕ СО БРИСЕЛ, БЕРЛИН, ПАРИЗ, ЛОНДОН...НАШИОТ ГЛАС Е СЀ ПОСИЛЕН: Мицкоски уште еднаш се огласи од САД, се сретна со близок соработник на Трамп

СЕ БОРИМЕ СО БРИСЕЛ, БЕРЛИН, ПАРИЗ, ЛОНДОН...НАШИОТ ГЛАС Е СЀ ПОСИЛЕН: Мицкоски уште еднаш се огласи од САД, се сретна со близок соработник на Трамп

НА ОНКОЛОГИЈА ПОВТОРНО НЕМА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА: Недостигаат лекови за најтешките пациенти со карциноми

НА ОНКОЛОГИЈА ПОВТОРНО НЕМА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА: Недостигаат лекови за најтешките пациенти со карциноми

„УБАВ ПОМИН ВО ВАШИНГТОН ДОКТОРЕ, АМА ГРЕШКА СТЕ“ - Љупчо Зиков до министерот за здравство, Таравари

„УБАВ ПОМИН ВО ВАШИНГТОН ДОКТОРЕ, АМА ГРЕШКА СТЕ“ - Љупчо Зиков до министерот за здравство, Таравари