Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2025
Пратеникот од коалицијата Европски фронт, Зијадин Села, изрази сомнеж дека дека повеќето функционери од коалицијата „Вреди“,како и премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски биле регуларно поканети на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон.
Тој додаде дека на овој настан може да учествува секој граѓанин кој ќе плати одредена сума на пари, додека пак за учеството на владините лидери, тој рече дека доколку добиле покани од Трамп, ќе ги носеле како ѓердан.
„Можеше секој граѓанин да плати одредена сума пари… Тие беа пофалени што ги поканил претседателот Трамп. Имаше дури и медиум во Бугарија кој пишуваше дека Мицкоски не бил поканет директно од Трамп, туку бил поканет од ПР агенција. Не сакам навистина да елаборирам, но бидејќи ми го постави ова прашање. Да добиеа покана од претседателот Трамп, бидете сигурни дека тие покани ќе ги обесеа и ќе ги носеа како ѓердани во текот на овој период, па дури и ќе шетаа по улица со овие покани“, рече Села.
Поранешниот градоначалник на Струга додаде дека не е логично толкав број на функционери од една мала земја да бидат поканети директно на еден таков настан.