18 Декември, 2025
0.1107

„ИДНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, ДОСТА БЕА ЛЕПЕНКИ! ВРЕМЕ Е ЗА НОВА ГУМА“: НаТочак со нова критична маса утре

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2025 08:37

Добивај вести на Viber

Организацијата на велосипедисти „На Точак“ утре организира критична маса во Скопје.

Во среда, на 24-ти септември во Скопје ќе ѕвонат улиците. 

Од Плоштад Македонија во 17:30 часот, ќе тргне 92-рата по ред Критична маса во Скопје и ќе се упати по предвидената рута низ Аеродром и околу центарот до Градски парк.

Критична маса е интернационален настан, собир на велосипедистите и заедничко возење кој веќе 33 години се случува во светот, а 13 години во Скопје. Поентата е преку бројноста, голема група заедно (т.е.доволна критична маса) фактички и симболички „да го пробие патот“ на улиците и до свеста на сограѓаните и донесувачите на одлуки. 

Оваа Критична маса се случува во пресрет на локалните избори со јасна порака до кандидатите за градоначалници: да понудат план за градот во кој велосипедистите и пешаците се дел од решението, а не жртви на хаотичниот автоцентричен сообраќај. „На Точак“ бара планирање и изградба на поврзана велосипедска мрежа, слободни тротоари, распространета зона 30, како и вистински јавен простор за сите – деца, родители со бебешки колички, лица со попреченост, повозрасни граѓани.

Покрај тоа, се бараат и системски решенија: јавен превоз со посебни ленти, современ систем за изнајмување точаци, повеќе зелени зони и мерки кои ќе ја намалат зависноста од автомобилите. „Сообраќајната хиерархија мора да се промени. Во град за луѓе, пешачењето, возењето велосипед и користењето јавен превоз се висококвалитетни опции, а автомобилот не е господар на улиците“ велат од групата.

На „Критичната маса“ се очекуваат стотици граѓани кои со своето присуство ќе покажат дека Скопје може да биде поубаво и похумано место. Организаторите потсетуваат: секој вози на своја одговорност, а најважно е заедничкото испраќање на порака – дека половичните мерки („лепенките“) веќе не помагаат, време е за потемелна промена во Скопје. 

Според нив има 2 избори: или ќе се избере поквалитетен, поздрав, поактивен, позелен град, избор за кој се потребни многу храбри одлуки и на почеток непопуларни мерки, но куп продобивки на крајот. Или ќе се избере полесниот пат, со продолжување на автоцентричното статус-кво, без суштински промени, со презентирање некакви „лепенки“ дека нешто сработиле ситно тука и таму, со автомобили по тротоари, неразвиен јавен и велосипедски превоз, и лишување од сите придобивки.

„Ние го бираме првото и во тоа име и сите придобивки од вело-пријателскиот град Ве повикуваме да ни се придружите со своите велосипеди на Критична маса #92. Ѕрн - ѕрн!“, напишаа тие во соопштението до медиумите.



Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје