Кој е кралот на плескавиците за кои скопјани платија 4,2 милиони евра!
Објавено во: Економија 03 Јули, 2023 09:46
Фаст фуд индустријата може да биде профитабилен и високо доходовен бизнис во Македонија доколку се работи професионално и посветено. Неговиот потенцијал е голем од проста причина што составен дел од нашата кулутра е фаст фудот. Скопје има една домашно основана и локално поседувана компанија која е „македонски мекдоналс“ кој не само што успешно се справува со светските ланци на фаст фуд ресторани туку е многу подоходовен и пополураен од нив. Така покажуваат бројките.
„Седмица“ е ултимејт скопски бренд за фаст фуд. За него нема конкуренција. Броките покажуваат дека тоа е омилена брза храна на многу генерации скопјани.
Компанијата што ја произведува омилената скопска плескавица постои 36 години и е основана во веќе далечната 1987 година. Таа е синоним за фаст фуд во Скопје и освен во гурманската веќе е неизоставен дел и од туристичката понуда на Скопје.
Неодоливата плескавица на „Сендвичара 7“ односно популарната скопска „Седмица„ е достапна на четири локации (три сендвичари и еден скара ресторан) во градот и вработува 86 лица. Од продажба на своите фаст фуд деликатеси оваа компанија лани остварила приход вреден 4,2 милиони евра што ја прави неприкосновен лидер на фаст фуд пазарот во Македонија. Добивката од продажбата на повеќе од милион плескавици лани на компанијата и донела добивка од 734.000 евра. Нејзината профитна маргина лани е 17,5 отсто и е убедливо најдобра во споредба со другите два големи конкуренти кои имаат продажба на фаст фуд која се мери во милиони евра.
Второ рангирана компанија за фаст фуд лани на нашиот пазар е „Пласет Донер“ франшиза на странски производител на брза храна. Минатата година оваа компанија во своите пет ресторани за брза храна остварила приход од 3,4 милиони евра. Вработува 65 лица, а лани остварила добивка од 468.000 евра.
На третот место е скопски локален бренд „Ројал Бругер“ кој го произведува компанијата „Ројал Филандре“ од Скопје. Во своите две сендичари оваа компанија вработува 39 лица, а лани остварила приход од 1,8 милиони евра. Добивката изнесува 172.000 евра.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




