Корона криза е па што? Кој „ербап“ лани го зголеми извозот на „френки и чушки“ 13 пати?
Објавено во: Економија 18 Март, 2021
Во нашата економија сепак има исклучоци кои се примери за успех во извозот во корона кризата. Еден од нив е производител на храна (оранжериски зеленчук) кој лани успеа да извезе 1,6 милиони евра односно 13 пати повеќе од 2019 година. Станува збор за „Оранжерии Хамзали“ фирма на Васе Митев кој е газда и на струмички „Грозд“
„Оранжерии Хамзали„ во корона кризата излезе пример за успешно работење на странските пазари. Струмичката компанија за производство на оранжериски зеленчук лани и покрај бројните ограничувања го зголеми извозот за 13 пати во споредба со претходната 2019 година до износ од 1,6 милиони евра. Вкупната продажба лани изнесува 6,7 милиони евра што е за 19 отсто подобар резултат од претходната година.
Во структурата на продажбата домашниот пазар е доминантен и учествува со 5,1 милиони евра. Во споредба со претходната година продажбата дома е намалена за 8 отсто. За сметка на тоа „Оранжерии Хамзали“ успеа да обезбеди „конвертабилен пласман“ односно прилив на девизи. Вкупниот увоз лани е 1,6 милиони евра наспроти 126.000 евра приход обезбеден во претходната споредбена година. Од аспект на извозот лани била извонредна година на овој голем производител на раноградинарски земјоделски производи кои се произведуваат на територија струмичките села Хамзали, Балдовци и Банско. Друштвото крајот на ланската година ја дочекало со залиха во вредност од 1,43 милиони евра.
Во структурата на расходите, кои изнесуваат 6,9 милиони евра, најголемо учество имаат трошоците за суровини и други материјали кои изнесуваат 4,05 милиони евра и се за 24 отсто повисоки од претходната година затоа што е логично да го следат растот на приходите на друштвото. Втор најголем е трошокот за вработените за кои лани друштвото исплатило 1,1 милиони евра. Според достапни јавни податоци компанијата има околу 170 вработени лица што е околу 6.500 евра бруто платен износ по вработено лице просечно.
Оперативната добивка на компанијата е 364.000 евра, а нето добивката за лани е 329.000 евра што е за 3 отсто повеќе од претходната година.
Од билансот на состојба истакнуваме дека главнината, резервите и акумулираната добивка се на износ од 9,3 милиони евра, побарувањата од купувачи се на ниво од 329.000 евра, а вкупните обврски на друштвото лани на крај на декември изнесувале 10,3 милиони евра. Вредноста на материјалните средства е 18,4 милиони евра.
Акцијата на оваа компанија е речиси воопшто неликвидна. Последната трансакција е реализирана на 14 февруари 2019 година, а единствената постигната цена е 100 денари за акција. Книговодствената цена на акцијата е 782 денари. Најголем акционер е струмичкиот стопанственик Васе Митев кој поседува 88 отсто од акциите со право на глас.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.