МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЛИДЛ, А КАЈ НАС ГРЦИТЕ И БУГАРИТЕ: Евтините производи како магнет
Објавено во: Македонија, Балкан 17 Јануари, 2024
Илјадници Грци одат во Бугарија и Северна Македонија за да купат многу поевтини производи, дури и оние кои се извезени таму од Грција, посочи портпаролката на СИРИЗА Дора Авгери, јави дописничката на МИА од Атина.
Авгери ја прашува Владата „дали едноставно се неспособни да се справат со профитерство или се заложници на конкретни интереси?“
Додава дека владината политика континуирано удира по приходите на домаќинствата, а Владата „бесрамно го лаже грчкиот народ“.
Инаку, факт е дека Македонија е атрактивна шопинг дестинација, заради далњку пониските цени.
Дојран, Гевгелија, Валандово и другите погранични градови се преполни со Грци и Бугари.
Македонците пак, често се на шопинг во Косово и Лидл во Србија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.