28 Ноември, 2024
0.0277

НЕ ЧЕКАЈТЕ ПРИВАТЕН АВТОБУС, НЕМА ДА ДОЈДЕ: Скопските улици и денес без приватните превозници

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Приватните превозници и денес нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите, изјави синоќа за МИА Јовица Зафировски, претставник на превозниците. 


Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои вчерашната попладне ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар. 


Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на седницата информираше дека иницијативата на превозниците била доставена доцна за да биде вклучена на седницата.


– Иницијативата е доставена доцна за да биде вклучена во оваа седница. Иницијативите се доставуваат до градоначалникот за мислење, а што не било случај со оваа. Таа ќе биде доставена денеска до градоначалничката Арсовска. Откако ќе биде разгледана од нејзина страна, иницијативата треба да биде вратена до Советот, објасни Славески.


Тој се на социјалната мрежа „Х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска. Тој сподели документи: Барањето за мислење со предлог по иницијатива од член на Совет на Град Скопје за покачување на цената на услугата на приватните превозници ангажирани од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје и Иницијативата за отпочнување постапка за покачување на цената од членот на Советот на Град Скопје Горан Арсов. 


- Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје, стои во објавата на Славески, што ја пренесе Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.


Од Град Скопје, пак, претходно реагираа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел, како што наведоа, за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот. 


Град Скопје во соопштението наведе дека „советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно, по 26 пат одбија да гласаат набавка на нови автобуси“ и оти „денешната седница на Советот на Град Скопје е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници немаат намера да го средат хаосот во јавниот сообраќај“. 


Дел од приватните превозници повторно се вклучија во јавниот градски превоз на почетокот на неделава. Нивните претставници викендот изјавија дека во сообраќај ќе се вклучат оние кои имаат финансиски можности и апелираа до градоначалничката Арсовска, советниците и Владата на заеднички состанок да најдат заеднички прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената за изминат километар.

НЕ ЧЕКАЈТЕ ПРИВАТЕН АВТОБУС, НЕМА ДА ДОЈДЕ: Скопските улици и денес без приватните превозници 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„БИДИ ХРАБАР ТРАЈКО“: градоначалничката Асровска до претседателот на Собранието, продолжуваат препукувањата

„БИДИ ХРАБАР ТРАЈКО“: градоначалничката Асровска до претседателот на Собранието, продолжуваат препукувањата

ТЕШКО СЕ НАОЃА КАДАР: Родители бараат дадилки кои повремено или на кратко би ги чувале нивните деца

ТЕШКО СЕ НАОЃА КАДАР: Родители бараат дадилки кои повремено или на кратко би ги чувале нивните деца

СНЕЖНА ПРЕКРИВКА ДО 50 САНТИМЕТРИ: Попоски најавува сериозна промена на времето, вели снег ќе има и во скопско

СНЕЖНА ПРЕКРИВКА ДО 50 САНТИМЕТРИ: Попоски најавува сериозна промена на времето, вели снег ќе има и во скопско

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марта Кос очекува дека Македонија ќе направи уставни измени, а Мицкоски вели дека имаат црвени линии

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марта Кос очекува дека Македонија ќе направи уставни измени, а Мицкоски вели дека имаат црвени линии

АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ: Кои се потпретседателите?

АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ: Кои се потпретседателите?

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит