27 Ноември, 2024
0.0281

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марта Кос очекува дека Македонија ќе направи уставни измени, а Мицкоски вели дека имаат црвени линии

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

КОС ОЧЕКУВА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, очекува Северна Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што вели, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија.

„Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно, и после тоа навистина да го забрзаме процесот“, вели Кос.

На прашањето дали после тоа може да се дадат гаранции дека нема да има други блокади, Кос изјави дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање.

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ИМААТ ЦРВЕНИ ЛИНИИ

Нема да бидеме жртва на билатерализацијата на процесот на пристапување кон Европската унија, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава дека имаат црвени линии. 

Вели дека македонските граѓани направија доволно отстапки. 

„Ние кажавме што можеме да направиме и тоа е максимумот. Tоа им е кажано на сите светски фактори, на сите луѓе кои одлучуваат или имаат некаква улолога во светската политика“, изјави Мицкоски.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА ТАРАВАРИ

Министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашниот колапс е во добра состојба во неговиот дом, потврдија денеска за МИА, извори од Министерството за здравство.

- Министерот е во добра состојба, добар е, дома е, одмара. Тој е во најдобра можна состојба. Не е во болница, дома е. Вчера беше прво на Неврологија, па на Кардиологија, па во Рентген институтот и потоа си замина дома. Ги направивме сите можни анализи, сѐ е чисто, сѐ е добро. Просто е - премор, појаснија од Министерството за здравство за МИА

ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА МИЈАЛКОВ ДОБИЛ 50.000 ЕВРА ОТШТЕТА

Поранешниот телохранител на некогашниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков - Ален Зекиров добил судскиот спор против МВР за неговиот отказ во 2018. 

На 15 октомври на Зекиров му биле исплатени нешто над 51.000 евра како надомест на штета поради неисплатени плати и придонеси за време на престанокот на работниот однос, објави Призма.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во земјава имаме села кои се на само 3-4 километри од градовите и каде е изводливо луѓето да стигнат на работа пеш или со велосипед. Дел од населението практикува да оди на работа пешачејќи или возејќи велосипед, посебно во период од годината кога времето е пријатно. Ова им овозможува и да заштедат пари во семејниот буџет.

Стареењето на населението и недостатокот на здравствени работници се едни од најголемите предизвици со кои се соочуваат здравствените системи во Европа, покажува извештајот Health at a Glance: Europe 2024, објавен од OECD и Европската комисија.

Ново државно задолжување на домашниот пазар. Вкупната сума на двете обврзници што се издадени и кои од денеска котираат на Македонската берза изнесува близу 90 милиони евра или прецизно 89,6 милиони.

Дали Доне Таневски имал ценовно – чувствителни информации врз основа на кои купил повеќе од 17.000 акции (од мај до септември н.з.) за во ноември да продава акции по значајно повисока цена? 

Вработените во Агенцијата за електронски комуникации, кои ионака важат за едни од најплатените во земјата, тријат раце, бидејќи според објавениот финансиски план за 2025, нивните плати треба да се зголемат во просек за 20 отсто.

Најголемата српска телекомуникациска компанија, Телеком Србија, која преку својата фирма ќерка, МТЕЛ, е присутна и во Македонија, подготвува аквизиција на удел во компанија во својата матична држава, односно планира купување на удел во фирма за сајбер безбедност.

Најмногу туристи сме изгубиле од соседна Бугарија, но и од кај другите соседи како Грција и Косово. Сепак, во меѓувреме значително се зголемил бројот на гости од Турција, како и од соседна Србија.

Најмногу туристи сме изгубиле од соседна Бугарија, но и од кај другите соседи како Грција и Косово. Сепак, во меѓувреме значително се зголемил бројот на гости од Турција, како и од соседна Србија.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ: Кои се потпретседателите?

АЛЕКСАНДАР ДИМИТРИЈЕВИЌ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СДСМ: Кои се потпретседателите?

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро