ОРКА ХОЛДИНГ донира 1.600 јакни за децата со посебни потреби и децата без родители
Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2017 10:06
Донација на илјада и шестотини зимски јакни компанијата „Орка Холдинг“ АД Скопје во соработка со компанијата за производство на текстил „Монт“ беше доделена во 16 институции низ Републиката, училишта и интернати за деца со посебни потреби, како и деца без родители и родителска грижа.

Кампањата под мотото „Да ги стоплиме детските срца“ компаниите ја создадоа со цел да подарат топлина на оние срца, на кои во ладните зимски месеци им е најмногу неопходна. Донацијата на јакни, како и комплети книги „Собрани дела“ од реномираниот Македонски автор за деца Васил Куноски, компаниите ги донираа во детските институции во Скопје, Битола, Прилеп, Гевгелија, Штип, Старо Негоричане, како и во Поградец, Република Албанија.

„Секоја инвестиција во децата е инвестиција за иднината. Ние сме подготвени да излеземе во пресрет и да им помогнеме на маргинализираните групи, а оваа донација, една од многуте до сега, го потврдува токму тоа“ – изјави Јордан Камчев, извршен директор на „Орка Холдинг“.

„Орка Холдинг“ како компанија настојува да ги препознае потребите на заедницата, секогаш давајќи ја поддршката на иницијативите кои имаат најшироко општествено значење. Компанијата продолжува и натаму со низата активности за згрижување на социјално ранливите категории.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




