Парада за најмладите по повод роденденската прослава на Diamond Mall
Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2025 13:56
Денес се одржа улична парада по повод вториот роденден на Diamond Mall. Парадата, која е наменета за најмладите, ја предводеа 20 добро познати маскоти на популарни ликови од детските анимирани филмови. Парадата под мотото „Да зборуваме и да покажеме дека ни е грижа“, стартуваше од градскиот плоштад, а заврши кај Diamond Mall, каде се одржа детската роденденска забава.

На забавата настапуваа познатите ликови Биби и Боби, а беше организиран и квиз, со богати награди и многу изненадувања. Се одржа и креативна работилница „Бојадисај куќичка за куче“ накоја децата декорираа куќички за милениците кои ќе му бидат донирани на јавното претпријатие за благосостојба на бездомни животни „ЛАЈКА“ од Скопје.

Роденденските активности по повод вториот роденден на Diamond Mall почнаа на 20 октомври, кога беше отворена Зоната за донации, каде посетителитеможат да остават храна и опрема за миленици, кои потоа ќе му бидат донирани на ЈП „Лајка“. Oд 24 до 26 октомври се одржува и Саем за храна за миленици на кој учествуваат компании од оваа индустрија кои нудат совети за правилна грижа за животните. На специјалниот ветеринарен штанд посетителите имаат можност за консултации со ветеринари за нивните домашни миленици, а оние што сакаат да вдомат бездомно куче можат да ги видат и изложените фотографии од бездомните кучиња и да се сретнат со нив.

Утре е централната прослава на роденденот, односно хуманитарниот концерт, што ќе се случува во атриумот на Diamond Mall со почеток во 12 часот. На концертот ќе настапат популарните пејачи Тамара Тодевска, Лозано и Викторија Лоба, а специјален гостин ќе биде музичката легенда Драган Мијалковски. Влезот за концертот е бесплатен, а единствен услов, во духот на целиот настан, ќе биде да се донесе минимум еден килограм храна за кучиња, која потоа ќе ѝ биде донирана на ЈП „Лајка“, кој е партнер на Diamond Mall во реализација на овој хуманитарен настан. Во 14.00 часот ќе бидат објавени добитниците од роденденската наградна игра, по што концертот продолжува.
Diamond Mall официјално беше отворен на 20 октомври 2023 година и со својот уникатен концепт на Лајф-центар стана едно од омилените места за шопинг, дружење и забава.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





