20 Декември, 2025
0.0536

Најсофистицираната бизнис лимузината во светот, со динамичен изглед и спортски дух до совршенство!

Премиера на новиот BMW Серија 5 во Македонија

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2017 15:09

Добивај вести на Viber

Еден од најочекуваните луксузни модели на автомобили за оваа година,  сосема новиот BMW Серија 5 ја доживеа својата македонска премиера во Скопjе. Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар во својот продажно сервисен центар во Скопје, ја претстави седмата генерација на најпродаваната бизнис лимузина во својот сегмент, BMW Серија 5.

Присутните имаа можност да се уверат зошто седмата генерација BMW Серија 5 важи за еден од најиновативните и најпрогресивните автомобили во светот. Софистициран, лесен и аеродинамичен, со луксузен екстериер и ентериер, автомобил наменет за успешни,  деловни луѓе кои ја сакаат страста и динамичниот живот, со високи стандарди кои ретко кој друг автомобил во неговата класа може да ги задоволи. 

“Минатата година BMW прослави 100 години од своето постоење, најавувајќи притоа дека во следните 100 години ќе продолжи со иновациите, и ќе се труди во секоја класа постојано да ги подигнува стандардите. На наша голема радост веќе на почетокот на оваа година ја имаме седмата генерација на премиум бизнис седанот на BMW Серија 5, модел кој се наметнува со својата спортска но елегантна и стилска фигура. Иновативен, динамичен, со атлетска градба и софистициран бизнис изглед, создаден од најдобрите материјали за комодитет, новиот BMW Серија 5 уште повеќе го нагласува чувството на луксуз”, изјави Александар Ордевски на официјалната промоција.

Новиот BMW Серија 5  е најпрогресивниот премиум спортски бизнис седан. Токму затоа го нарекуваат вистински Бизнис Атлет. 

Седмата генерација BMW Серија 5 ги има сите алатки потребни да се продолжи со извонредниот успех постигнат со неговите претходници. Досега се продадени 7,6 милиони BMW Серија 5 автомобили, од првите шест генерации, а само предходната генерација F10, е продадена во импресивни 2,4 милиони автомобили, со што значително се одвојува од своите најголеми конкуренти. Новиот миленик, BMW Серија 5  има импресивна аеродинамика со коефициент на отпор на воздух од само 0,22, прецизен дизајн се до најмалите детали кои допринесуваат за динамичен изглед и спортски дух до совршенство. Во него се вградени  иновативни, дигитални можности кои го прават автомобилот мобилна канцеларија од висока класа. Има дисплеј со широк спектар на бои кои овозможува јасна прегледност и дефинирано задоволство при возењето со прогресивен Driver Assistance System за помош на возачот. Автомобилот располага со персонализирани содржини за динамична интеракција, преку екран на допир, гласовен асистент и сензор за препознавање на движењата. Во однос на неговиот предходник, автомобилот има намалена потрошувачка до 12%, фасцинатна моќност на моторот и намалена телесна тежина до 100 кг, за ултимативно атлетско движење што овозможува подобрено управување  и уште поголема агилност на патиштата. 

Го карактеризира дополнително зајакната динамика, непобедлив line-up систем за помош на возачот, неспоредлив степен на поврзаност и иновативен оперативен систем. Со интуитивна практичност и богата удобност, автомобилот има зголемена функционалност, безедност и бројни "Едноставно Умни" идеи кои овозможуваат напредна врска меѓу човекот, машината и животната средина.

Новиот BMW серија 5 веќе од февруари 2017 е во продажба низ светот и во Македонија.

Достапни се моделите BMW 530i и BMW 540i со нови бензински мотори, BMW 520d и BMW 530d со нови дизел мотори како и 530е, М550i. Ги карактеризира исклучително ниска емисија на CO2.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии