29 Септември, 2024
0.1730

СОМНЕЖИТЕ НЕ ЈА ПОКОЛЕБАА ВЛАДАТА! Денеска се потпишува договорот со „Бехтел и Енка“

Објавено во: Економија 08 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Наспроти сите контроверзии и сомнежи поврзани со компанијата и изградбата на автопатите по коридорите 8 и 10д, денеска во Владата е закажано потпишувањето на договорот со „Бехтел и Енка“.

Изминатиов период во медиумите беа изнесени бројни сомнежи поврзани со дел од компаниите избрани да бидат надзор на изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д, но тие не беа причина Владата да се предомисли. 

Во соопштението испратено од владината прес-служба се наведува дека среда во Свечената сала на Владата ќе се одржи настан по повод потпишување на договор за Коридор 8 и 10-д помеѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“. На потпишувањето на договорот ќе бидат премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, како и генералниот директор за нискоградба „Бехтел“, Марк Алисон.

Претходно на владина седница, на предлог на Комитетот за преговори за склучување на Договорот за градење на коридорите 8 и 10-д, беше одобрено склучувањето на договорот со избраниот стратешки партнер, конзорциумот „Бехтел и Енка“.

- Со тоа, ќе се овозможи почеток на изградбата на овие важни проекти и реализација на оваа многугодишна стратешка определба за инфраструктурно поврзување на Република Македонија со регионот, што ќе придонесе и во економскиот развој на државата - информираа од владината прес-служба.

Вицепремиерот Артан Груби синоќа во телевизиско гостување посочи дека конечно е усовен Договорот за Коридорите

- Денеска имаше широка елаборација во однос на нивниот завршен извештај за нивните елаборати и утре е потпишување на договорите. Би замолил новинарите да ги повикаат консултантите да го претстават проектот, а не тоа да го прават политичарите, туку експерти. Се работи за изградба на автопатишта од 110 километри. Ова ќе не чини, 1,3 милијарди евра или 2 милиони евра по километар што е во рамките на просекот на градба на автопатиштата - рече Груби.

Коридорот 8 е долг 68 километри и станува збор за автопатот од Тетово до Гостивар, потоа кон Кичево, преку Струга до Ќафасан, додека Коридорот 10-д е на делницата од Прилеп до Битола со должина од 40 километри и има шест ленти, а периодот на изградба е три години од почетокот на работите.

Изминатиов период имаше бројни показатели дека договорот ќе биде потпишан со „Банхтел и Енка“. Фактор објави дека компанијата ќе треба да им купи најмалку 40 нови автомобили на надзорниците на консултантот ИРД.

Деновиве на прес-конференцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, што ја одржа пратеникот Бојан Стојаноски, беше истакнато дека Владата на Ковачевски влегува во сомнителни бизнис шеми во постапката за изградба на автопати во Македонија, и потенцираше дека бизниси од 22 милиони евра добиваат фирми кои претходно имале забрана заради неетичко и незаконско постапување.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија