18 Декември, 2025
0.0546

„ТРАГЕДИЈАТА НА ТЕОДОРА ЌЕ ОСТАНЕ НАША ВЕЧНА БОЛКА, СРАМОТ МУ ПРИПАЃА НА ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ“: Семејството на прегазената Теодора реагира на пресудата на Апелација

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2025 10:30

Добивај вести на Viber

 Семејството на Теодора Ристовска со писмо до јавноста информираше дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврдил пресудата на Основниот суд во Тетово, со која обвинетиот Менсур Пајазити од село Голема Речица е прогласен за виновен и осуден на две години затвор смртта на тогаш 22-годишната девојка во сообраќајна несреќа. Тие се револтирани од оваа пресуда на повисокиот суд.

-Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши. Обвинетиот во жалбата се повикува на интересот на јавноста и на владејачката партија како фактор за „превисоката” казна, но тој интерес е многу природен — затоа што кога млад живот е згаснат, секој е потресен. Ако судството не беше труло и корумпирано, никому немаше да му пречи овој интерес. Наместо правда што ќе донесе мир, добиваме систем кој со својата блага и селективна казна создава уште поголема недоверба и омраза, велат Ристовски во писмото до јавноста.

Семејството вели дека и покрај тоа што понатамошниот правен пат до Врховниот суд зависи од Јавното обвинителство, тие нема да молчат и ќе продолжат да бараат одговорност и преку јавноста да истакнуваат оваа неправда не смее да остане без последици.

-Ние не бараме привилегии. Бараме човечност и фер однос — она што му припаѓа на секој граѓанин. Кога казната е непропорционална со загубата, виновен станува не само сторителот, туку и самиот систем.  Го гледаме осудениот како слободно се движи, дури повторно седнува зад воланот, без видливо чувство на вина. За нас, тоа е брутална навреда за сеќавањето на Теодора и за секој кој знае што значи да изгубиш дете, сестра или најблиска личност. Трагедијата на Теодора ќе остане наша вечна болка. Но срамот на оваа пресуда му припаѓа на правосудниот систем. Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва. Правдата мора да биде видлива, опиплива и вистинска. Животот на Теодора не е бројка во досие- тоа е нашата вечна рана. И нема да престанеме да бараме правда, за да покажеме дека жртвите не се оставени сами, пишуваат од семејството на Теодора Ристовска.

На 7 април 2025 година на повтореното судење за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа,  обвинетиот Менсур Пајазити ја призна вината и по изведување на докази и завршни зборови, беше осуден на казна затвор од две години.

Виновен е затоа што на 15.08.2022 година во Тетово, како учесник во сообраќајот не се придржувал до прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Управувал возило „БМВ“ и се движел по булевар, со брзина од 59 километри на час, која брзина не е прилагодена на условите на патот за да може навремено да го запре возилото, при што не му отстапил првенство на минување на пешакот сега покојната Теодора Ристовска која поминувала на обележан пешачки премин, гласи пресудата од април.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, на првото судење во ноември 2023 по признавање на вина Пајазити беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалба, Апелацискиот суд ја намалил казната на две години затвор, па Врховниот суд ги укинал двете пресуди на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење.


Можеби ќе ве интересира

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето