Влада: Постапкатa на Уставен за поништување на кратењето на платите на функционерите ја поткопува солидарноста
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Април, 2020
Поведената постапка на Уставниот суд за поништување на кратењето на платите на функционерите, судиите и обвинителите ја поткопува солидарноста во земјата и директно штети на обезбедувањето средства за справување со КОВИД-19, реагираат од Владата.
Владата смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на 2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста.
„Со оваа одлука, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот на РСМ за мерки за справување со КОВИД-19. Владата изразува разочарување од ваквата скандалозна одлука која ја загрозува борбата со коронавирусот“, реагираат од Владата.
Уставниот суд денеска донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија преземени врз основа на уредбите за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на вработените во јавниот сектор за време на вонредната состојба, за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба и за СЈО.
Од наведените сектори имаше реакции, и тие не сакаа да им се кратат платите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.