1.200 струмички земјоделци бараат проценка на штетите од поплавите
Објавено во: Агробизнис 06 Март, 2013 14:47
Од жителите на 10 села во Струмичко се поднесени 1.200 барања до општинската комисија за проценка на штетите од поплавите. Најголем дел од барањата, 500, се од граѓаните на најзагрозеното Муртино.
„Стручните тимови од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се вршат проценки по домовите и насадите. Претстои обемна и одговорна работа која мора да се заврши во целост, навремено и коректно“, изјави Кирил Парталов, командант на Општинскиот кризен штаб во Струмица.Со цел навремено утврдување на штетите, општина Струмица формира седум комисии за проценка кои најпрво ќе работат во атарите на загрозените села Муртино, Сачево, Дабиље и Просениково.
Поплавите што го зафатија регионот од 24-ти до 27-ми февруари предизвикаа огромни штети врз инфраструктурата, домовите и насадите и во Добрејци, Градско, Балдовци, Баница, Рич, Попчево и Раборци
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





