10 000 бесплатни автобуски возења од Македонски Телеком
Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2016 13:26
-Стартува нова наградна игра за корисниците на Македонски Телеком
-1000 корисници ќе добијат по 10 електронски автобуски билети кои ќе можат да ги користат со MobiPay
Македонски Телеком организира нова наградна игра за своите корисници во која доделува бесплатни електронски автобуски билети за јавниот градски превоз.
Обезбедени се вкупно 10 000 билети, односно по 10 електронски автобуски билети за ЈСП за 1 000 среќни добитници, кои ќе можат да ги користат преку нивните мобилни телефони со услугата– MobiPay.
Право на учество имаат сите корисници од приватниот сегмент на Македонски Телеком над 18 години, кои се регистрирале за учество во наградната игра преку бесплатниот телефонски број14788.
Регистрацијата на учесниците ќе трае од 1.12.2016 до 31.01.2017 година, а ден потоа ќе се врши наградното извлекување. Секој учесник од еден телефонски број може да освои најмногу една награда во текот на наградната игра.
Добитниците на наградите ќе бидат објавени на веб страницата: www.telekom.mk.
Електронското плаќање преку мобилните уреди – MobiPayе едноставно, брзо и безбедно и граѓанитего користат во многу продажни места, кафулиња и ресторани, такси возила, како и во јавниот градски превоз. Услугата се активира брзо и лесно со повик кон бесплатниот број 14 11 14.
Преку проектот „Паметен град“, Македонски Телеком ја започна трансформацијата на Скопје во модерен и паметен град по примерот на светските метрополи. Во рамките на овој проект 500 автобуси на ЈСП се целосно опремени со електронски уреди за наплата и мониторинг во реално време, а наскоро ќе бидат опремени и возилата на приватните превозници. Електронската наплата на билетите се одвива преку паметната картичка СКОПСКА, како и преку мобилните телефони на корисниците на Македонски Телеком, кои имаат активна услуга мобилно плаќање (MobiPay), со вртење на бројот 185.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




