17 Јануари, 2025
0.0343

10 фрази кои треба да ги избегнувате на работното место

Објавено во: Мои пари 30 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Експертите проценуваат кога е паметно да се гризне јазикот во канцеларијата. “Ова нема никаква логика.” Иако не се согласувате со некоја задача која ви била зададена, девет пати од десет треба да ја завршите. “Некои задачи може и да ви немаат смисла на вас директно, но се витални за останатите делови од вашата организација,” вели експертот за кариери Емили Бенингтон. “Со сета должна почитОва е пасивно агресивна навреда. “Кога ке го слушнете или прочитате е-маил, знаете дека она што следува ке биде удар за вашето его” вели Бенингтон. Наместо тоа, бидете директни. “Трикот е во тоа да се изјасните без притоа да употребите фраза која ќе предизвика другата страна да заземе карате став.” "&!$#!" Додека употребата на пцости помеѓу колегите може да биде дозволено на некои работни места, “мислам дека никогаш не е добра идеа да се користат пцости пред вашиот претпоставен или пред клиенти” вели Бенингтон. “Kога ситуацијата се вжештува и постои фрустрација, избегнувајте остар јазик затоа што тој би го имал истиот ефект како бензин на оган.“Тоа е лоша идеа.” Избегнувајте ниски удари. Можете да го изјасните своето мислење и без да бидете злобни. “Да убиеш нечија идеа е најлошата идеа од сите” вели Џоди Гликман, авторот на Оодличен на работа: Што да кажете, Како да го кажете. Секогаш е подобро да кажете дека не се согласувате или дека тоа ви нема многу логика.“Не можам да го направам тоа.” Доколку немате време за задачата или не знаете како да ја завршите, секогаш постои друг начин. “Подобро е да речете  ‘Многу би сакал да помогнам но ограничен сум со време’ или ‘Потребна ми е насока како да ја извршам задачата’, секогаш сакате да се најде решение за вашиот проблем” вели Гликман. “Секој е заменлив.” Уф. Ова не е добар начин да изградите доверба кај вашиот персонал. “Пораката можеби е точна, но може да биде пренесена и на друг начин,” вели експертот за финансии Жакет Тимонс. “А замената никогаш нема да ги донесе идентичните квалификации кои се бараат.” “Загрижена сум дека момчето/сопругот има афера.” Освен ако не поминувате низ нешто што ќе влијае на вашиот работен распоред, како процес на развод, смрт во семејството, бременост, најдобро е личните проблеми да ги оставите надвор од канцеларијата. Доволно кажано. “Таа е толку здодевна.” Никогаш не е добро да ги озборувате вашите колеги. Тоа вклучува коментари на е-маил и на социјалните мрежи. “Мислам дека ова не е фер.” Иако сте можеби вознемирени што некој од вашите колеги бил унапреден пред вас или им била дадена задача за која вие напорно сте работеле и сте се труделе да ја добиете, велејќи дека сте “заслужиле” нешто што не ви било дадено вам не е правилниот начин да му се приближите на шефот. Наместо тоа, разговарајте со вашиот шеф за унапредувањето кое го посакувате или за изборот на задача и прашајте што би моѓеле да направите за да си ги зголемите шансите. “Изгледаш жешко.Додека да се даваат комплименти на колегите за нивниот изглед е сосема во ред, можно е да се пречекори линијата. “Во ред е да се даде комплимент за нечија гардероба, се додека не е кажано на непристоен начин.” вели Тимонс. Д.Ч.

Можеби ќе ве интересира

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето