10% раст на продажбата на земјоделски производи
Објавено во: Агробизнис
12 Ноември, 2012
Добивај вести на Viber
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во септември годинава изнесува 811.233 илјади денари што претставува зголемување за десет отсто во споредба со истиот период лани.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 12,4 отсто, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 33%.
Зголемување на вкупниот откуп и продажба е забележано кај : житата, индустриските растенија, грозјето, добитокот, живината и јајцата, млекото и рибата, додека намалување на вредноста на вкупниот откуп и продажба е забележано кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци и млечните производи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.