19 Декември, 2025
0.2373

10 совети како да штедиш електрична енергија во домаќинството

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2022 09:36

Добивај вести на Viber

Почетокот на есенската сезона е период во кој најчесто сме изложени на поголеми финансиски издатоци во семејството и домаќинството. Децата и младите се враќаат во училиште или на факултет, потребна е нова топла облека за студените денови кои доаѓаат, а со стартот на грејната сезона се зголемуваат и месечните сметки за струја.

Кога станува збор за потрошувачката на струја во домот постојат мали и едноставни начини со кои можеме истата да ја намалиме и со тоа да ги намалиме и трошоците. Ти претставуваме 10 совети за заштеда на електрична енергија дома:

1.  Загревај ги само просториите во кои престојуваш ти и останатите членови на семејството. Затворете ги вентилите на радијаторите во собите што не се користат.

2.  Загревањето на вода во домот е втор по големина потрошувач на електрична енергија. Затоа не го оставај бојлерот постојано вклучен, а водата загревај ја непосредно пред користење или преку ноќ, кога струјата е евтина. Дополнително можеш и да го намалиш притисокот на топлата вода во тушот или чешмата, или пак да ја намалиш температурата на загревање.

3.  Користи светилки со економична потрошувачка кои трошат 3 до 4 пати помалку, а траат 15 пати подолго. Кај дел од светилките можеш да поставиш и сензори за светло со кои истите ќе се палат при движење.

4.  Доколку отсуствуваш од дома повеќе од еден ден најдобро е да ги исклучиш од струја телевизорот и дигиталниот приемник бидејќи овие уреди трошат струја дури и кога се исклучени.

5.  Провери го термостатот на фрижидерот. Тој најефикасно работи кога температурата е поставена меѓу 3 и 5 степени, а замрзнувачот на 0 степени целзиусови.

6.  Не го поставувај фрижидерот  во близина на извори на топлина. Во таквите случаи ќе му биде потребно многу повеќе време за да ја постигне потребната температура, а со тоа ќе потроши и повеќе електрична енергија.

7.  При готвење поклопувај ги садовите со капак. Така ќе ја задржиш топлината во садот при што храната побрзо ќе се зготви, а истовремено ќе биде и повкусна.

8.  Машините за перење алишта и садови користи ги само откако целосно ќе ги наполниш, и пуштај ги да работат во часовите/деновите кога струјата е евтина.

9.  Користи ги програмите за перење алишта со пониска температура. Најголемиот дел од алиштата може да се исперат и со ладна вода, а на овој начин ќе ги заштитиш и ткаенините.

10.  Постави изолациски ленти на вратите и прозорците, а доколку си во можност вложи во целосната изолација на станбена единица.

Кога станува збор за менаџирање на домашниот буџет и високите трошоци за електрична енергија во есенскиот/зимскиот период, сметките за струја можеш да ги плаќаш на рати со Diners Clubна evnoline.mk, во ЕВНсалоните и ЕВН киоск уредите. На овој начин можеш да си ги олесниш плаќањата во месеците кога сметките се повисоки и оптимално да го распределиш домашниот буџет според потребите.

Дознај повеќе за сите предности и поволности кои ти ги нуди Diners Club и аплицирај на diners.mk 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии