11-те најдарежливи држави според Волстрит џурнал
Објавено во: Мои пари 21 Април, 2013
Поради тоа што европската должничка криза продолжува силно да натежнува врз најбогатите држави, меѓународната помош за земјите во развој втора година по ред опаѓа, пишува Волстрит џурнал. Притоа кредитите наменети за сиромашните држави бележат пад за четири отсто во 2012, по падот од два проценти во 2011 година.
САД лани доделиле само 30 милијарди долари, или 1% помалку од претходната година. Сепак, ова е двојно повеќе од вториот најголем донатор. Иако оваа значајна сума е помалку од 0,2 отсто од БДП-то на државата, сепак тоа е далеку помалку отколку сумите кои ги двојат другите земјит контрибутори, пишува Волстрит џурнал.
Развиените земји кои се мерат од страна на Организацијата за економска соработка и равој (ОЕЦД), доделуваат просечно по 0,31 проценти од националниот БДП за помош за земјите во развој. Некои земји, воглавно оние кои можат тоа да си го дозволат, придонесуваат многу повеќе во помошта за странство. Единаесет земји потрошиле најмалку 0,45 отсто од нивниот БДП во помош за земјите во развој, додека Луксембург потрошила цел 1 процент. На основа на извештајот од ОЕЦД, 24/7 на Волстрит пишува кои се најдарежливите држави во светот.
11. Швајцарија
Швајцарија дала повеќе од 3 милијарди долари, или просечно околу 0,45 отсто од својот БДП, за земјите во развој вво минатата година. Ваквата помош континуирано расте, откако дала 1,3 милијарди долари или 0,36 проценти од својот БДП во 2003. Швајцарија е една од најбогатите и најценетите економии на светот, со совршен рејтинг „ААА“, стабилна вреднист на валута, и се смета дека во 2012 имала повеќе приходи отколку расходи. Додека Швајцарија дава големи средства за земјите во развој, трошоците за нејзините граѓани се многу помали. Како процент од БДП, швајцарската влада потрошила релативно малку на социјални програми. 10. Франција Како и Швајцарија, и Франција исто доделила 0,45 отсто од својот БДП за земјите во развој. Сепак, сумата на помошта опаднала во изминативе две години, од 0,5 отсто од БДП во 2010, и од 0,46 проценти од БДП за 2011. Овој пад соодветствува со порастот на трошоците во Франција како процент од БДП за минатата година. Во 2007, нето трошоците биле 35,7 % од БДП. Во 2012, прошоците учествувале со 68,8 отсто во БДП. Државата води добра грижа за своите граѓани. Повеќе од 32 проценти од БДП од владата, оди за социјални трошоци, што е највисок процент од било која друга земја членка на ОЕЦД. 9. Белгија Белгиските грантови и заеми за земјите во развој, значајно опаднаа во изминатите три години, од повеќе од три милијарди во 2010 на 2,38 милијарди долари во 2012. За тој период, земјата падна од шесто на девето место во помош за развој, во смисол на процент од нивниот БДП. Овој пад во помошта дојде во врме кога финансиите во земјата станаа нестабилни. Државата исто така троши голем дел и за своето население. Државата троши 30 проценти од својот БДП на социјални програми, што е трета по висина пропорција од земјите кои се мерат според ОЕЦД. 8. Ирска Помошта за развој измерена во проценти од ирскиот БДП, опаѓа секоја година почнувајќи од 2008, кога таа изнесуше 0,59 отсто од БДП. За тоа време, долгот на земјата летна угоре и достигна повеќе од 106 проценти од БДП во 2011, што е меѓу највисоките во светот. Стапката на невработеност во Ирска во 2012 изнесувала 14,8 отсто, што е меѓу највисоките стапки во рамките на земјите од ОЕЦД. За несреќа, не сета помош од Ирска оди во вистинска насока. Истрага спроведена од Ајриш индепендент на почетокот на годинава, откри дека дел од помошта оди во проекти како што се нова пумпа за базен за амбасадорот на Уганда, за нови униформи за возачите во Малави, и за нова машина за садови за шефот на мисијата во Зимбабве. 7. Финска Во секоја од изминатите честири години, Финска потрошила повеќе од 0,50 отсто од својот БДП на помош, со што се смести меѓу најдарежливите донатори мерени според ОЕЦД. Сепак, долгот на земјата расте, а владата во минатата година влезе во дефицит. Помеѓу 2011 и 2012, Финска ја намалила помошта од 1,41 милијарди на 1,32 милијарди долари. Финска исто така издвојува голем дел и за своето население. ОЕЦД проценува дека Финска во минатата година потрошила 29 отсто од својот БДП на социјала, што е повеќе од сите освен од три земји кои се мерат според ОЕЦД. 6. Обединетото Кралство И покрај значајното намалување на помошта од 13,83 милијарди долари во 2011, на под 13,66 милијарди долари во 2012, Обединетото Кралство се рангира како втор по висина обезбедувач на помош за развој, и се зад САД. Но за разлика од САД, Британија дава значајно поголем дел од својот БДП за да го охрабри развојот во странство, со 56 отсто од БДП наспроти 0,19 проценти на САД. И покрај загриженоста за успорената домашна економија, и плановите да се ограничат владините трошоци, владата на Британија исто така планира да ги зголеми трошоците за помош за развој од 0,56 отсто од БДП во 2012, на 0,7 проценти од БДП за 2013 година. 5. Холандија Помеѓу 2011 и 2012м холандската странска помош падна од 6,3 милијарди на 5,5 милијарди долари. Земјата се соочува со се поголем долг како процент од својот БДП. Холандија најави дека ќе скрати скоро една милијарда евра од својот буџет за помош за странство, почнувајќчи од 2017 година, со цел да имплементира мерки за штедење и да се фикусира на профит од трговијата со растечките економии. Трошоците за социјална помош застанаа на 24,3 отсто од БДП во 2012, бројка која од 2008 наваму расте, кога изнесуваше само 20,9 % од БДП. 4. Данска Во 2012, Данска беше една од само петте земји кои ги остварија или надминаа очекувањата од помошта за развој на Обединетите Нации, проценета на 0,7 % од БДП. Данската влада во 2012 потрошила голем дел од БДП на социјални програми во земјата, кои достигнале околу 30,5 % од БДП, што е највисоко од сите држави кои се мерат според ОЕЦД, освен Франција. Како и другите скандинавски земји, и Данска исто дава значаен дел од својот БДП за меѓународна помош, и за тоа има финансиска корист. Обврските на земјата во смисол на процент од БДП во 2012 изнесувале скоро 7,3 проценти, во споредба со 86,5 % на САД. Државата во моментов има совршен „ААА“ рејтинг. 3. Норвешка И покрај тоа што е средна по големина европска држава, Норвешка дала 4,75 милијарди долари во помош во 2012, што е 11-то највисоко од сите земји. Желбата да помага Норвешка во 2012 ја чинело околу 44,7 отсто од нејзиниот БДП. Покрај ова, според имотот кој го проценила норевшката влада, нејзините нето обврски се во моментов негативни. Со проценетите -165 проценти од својот БДП за 2012, Норвешка има помалку владини обврски од било која друга држава која се мери според ОЕЦД. Во моментов, владиниот долг на Норвешка Муди го обележа со рејтинг „ААА“, што е највисок можен. 2. ШведскаВо 2012, Шведска дала 1,02 отсто од својот БДП на помош, што е всушност највисоко од сите земји. Во изминатите 10 години, Шведска дала највисок процент од својот БДП за помош од било која друга земја во светот за последниве пет години. Покрај ова, во обезбедувањето даржелива помош, шведската влада во 2012 искористила 28,2 проценти од својот БДП, што е повеќе во споредба со сите освен со пет земји. Шведска има кредитен рејтинг „ААА“, со стабилна перспектива дадена од Муди, што е најдобриот рејтинг која агенцијата го дава.
1. Луксембург
Минатата година, ниту една земја не дала повеќе во смисол на процент од својот БДП, отколку Луксембург. Помеѓу 2011 и 2012, владата ја зголемила својата официјална помош за развој од 409 милиони на 432 милиони долари, дури и кога помошта за развој помеѓу земјите од Конитетот за развој на ОЕЦД опаднала за четири проценти. Малата држава планира да продолжи да дава заеми со годишна стапка од еден отсто од БДП и во 2014, велат од ОЕЦД, од каде ја нарекуваат заложбата на Луксембург „примерна“. Со многу малку финансиски обврски, Луксембург би требало лесно да ги оствари своите цели. Нејзините бруто обврски за 2012 се проценуваат на помалку од 30 отсто од БДП. По проценувањето на имотот кој го поседува, Луксембург има негативени нето обврски, кои вкупно изнесуваат 40,8 проценти од БДП.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.