20 Декември, 2025
0.0603

100 дена не делат од Виз Ер Скопскиот маратон

Штафетниот маратон: Одлична можност за градење на тимскиот дух помеѓу колегите и забава со пријателите

Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2017 09:04

Добивај вести на Viber

Полека и сигурно се приближува 7 мај, денот кога ќе се одржи Виз Ер Скопскиот маратон. Остануваат уште 100 дена до најголемиот и најпопуларниот маратон во Македонија. Во моментот тече вториот рок за пријавување кој трае до 31 јануари 2017 година, а потоа цената се зголемува.

Како и секоја година, маратонот (42км), полумаратонот (21км) и трката од 5 километри се суштинскиот белег на Виз Ер Скопски маратон. Штафетниот маратон, 4 натпреварувачи трчаат по 10,5 км односно целата должина на маратонот,е одлична можностза развој натимскиот дух помеѓу колегите и за забава со пријателите. Со учеството на штафетниот маратон сите ќе се забавуваат и ќеја зацврстуваат тимската работа на начини кои се невозможни во други трки или натпревари.

Виз Ер Скопскиот маратон полека прераснува во најголемото натпреварување кое се организира во Македонија. Виз Ер Скопскиот маратон ги урнува темелите на конвенционалното и прераснува во настан од глобален размер исполнет со конкуренција и забава. Голем дел од учесниците кои се натпреваруваа во претходните маратони се изјаснуваат дека денот кога се одржува маратонот никогаш нема да го заборават.

Оваа година  промотoрки на Виз Ер Скопскиот маратон ќе  бидат трите сестри близначки од Естонија, Леила, Лина и Лили кои  учествуваа на маратонската трка на Олимписките игри во Рио. Тие прв пат започнале со трчање на 24 годишна возраст и се првите три сестри во историјата кои некогаш учествувале на Олимписки игри.

Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопскиот Маратон 2017 ќе може да се изврши преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон http://skopskimaraton.com.mk/и преку партнерот за онлајн регистрација наВиз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club.

Повеќе информации можат да се најдат на:

http://skopskimaraton.com.mk/и https://www.facebook.com/skopskimaraton/

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии