100 денари паркинг на Водно, од град Скопје задоволни
Објавено во: Македонија 15 Април, 2018 22:00
Регулацијата на сообраќајот на скопската планина Водно за време на викендите претрпе нови измени со тоа што се воведе прописен градски парк со обележани паркинг места, а се постави и соодветна инфраструктура покрај патот од страна на град Скопје за да не дојде до паркирање на „диво“ и создавање на огромни гужви.

Така овој викенд започна новиот систем на паркирање во А0 зоната на средно Водно при што еден час возачите ќе ги чини 100 денари, а секој нареден по 50 денари. За граѓаните кои не доаѓаат со сопствено возило и натаму е понуден бесплатен автобуски презов со специјализирани линии на ЈСП кои проаѓаат и низ централното градско подрачје.

„Голем број граѓани и денеска го искористија убавото време и бесплатниот автобуски превоз и го посетија Водно. Граѓаните што решија со возила да го посетат Водно прописно паркираа и ја почитуваа ново воведната зона А0 за пакрирање. Од страна на сообраќајна полиција за непрописно паркирање денеска беа казнети вкупно 4 физички лица. Град Скопје деновиве го уреди паркингот на Водно и постави заштитни банкини и столпчиња за да се оневозможи паркирање на самиот пат“ посочија од град Скопје.
Исто така граѓаните кои одат на Водно автомобилите може бесплатно да ги паркираат во две катни гаражи на град Скопје.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




