Сооднос помеѓу потрошените средства за поддршка на земјоделството и финансиските ефекти од производството!
Објавено во: Агробизнис, Колумни 04 Февруари, 2015 08:24
Интересот овде се однесува на средствата исплатени директно за финансиска поддршка на земјоделството (за кои често се користи погрешен термин „субвенции„). Според споменатиот „Прилог 2” растителното производство (во кое се наоѓаат повеќе од 20 култури кои се поддржувани со финансиски средства), е групирано во две гранки – поледелство и градинарство, лозарство и овоштарство, додека сточарската гранка е прикажана по видови добиток. Ваков приказ (од кој би требало да се анализираат политиките) не овозможува тие да се согледаат ниту на ниво на гранка на производство, а уште помалку какви политики се воделе кон поедини култури. Сепак може да се оцени само глобална конзистентност и оправданост на евентуално стимулирање на производството со финансиските средства по гранки и години. Во вкупните финансиски средства за поддршка на земјоделството, поледелството и градинарството од 2007 до 2013 година учествувале со 17,5% (најниско) во 2010 година до 21,4% (највисоко) во 2007 година (таб. 2). Поголема стабилност на учество се јавува во последните две години со исто учество од 19,1%. Лозарството и овоштарството имало најниско учество од 4,2% (2007 година) а највисоко од 20,5% во 2011 година. Сточарството пак имало релативно највисоко учество кое се движи од 31,2% (2011 година) до 71,5% (во 2007 година).
Учеството од 71,5% на сточаството никако неможе да е реално, но тоа сигурно е резултат на недоволно искуство, бидејќи во 2007 година за прв пат се јавува поддршка на земјоделството со нешто поголеми средства во споредба со претходните години, но понатаму поддршка на сточарството се намалувала во континуитет.
Највисока директна поддршка за тутунот, дали е оправдана?
Иако е тутунот поледелска култура, авторите на „Стратегијата 2014-2020 година„ го прикажуваат одделно (таб. 1), но ако го приклучиме неговото учество кон поледелството и градинарството тогаш растителното производство во вкупните средства учествува со 25,6%, (2007 година) до 66,2%. Се поставува прашање дали учеството на тутунот е високо, односно дали се оправдани средствата што се издвојуваат за тутун чие учество последните години надминува 25% па се до над 30% во 2013 год. Уште почудно станува кога ќе се споредат паричните износи кои се издвојувале за тутун и средствата за сите останати поледелски и градинарски култури, па и во однос на средствата за лозарство и овоштарство. Имено, по 2010 година износите за тутун постојано се зголемуваат и се повеќе ја надминуваат сумата што се издвојува за поледелство и градинарство. Во 2013 година таа разлика во полза на тутунот изнесува над 600 милини денари, односно за поледелството и градинарството се предвидува со програмата 1,064 милијарди денари, а само за тутун 1,678 милјарди денари. Колку е тоа оправдано (се правда со извоз на тутун) ќе споредиме колку земјоделскиот производител на пченица добива средства по 1 хектар (ха), а колку производителот на тутун. За 1 ха пченица земјоделецот неможе да добие повеќе од 15.000 денари по ха (со сите екстра услови семе, осигурување, добри земјоделски практики, млад земјоделец, жена земјоделец и сл.) Додека производителот на тутун кај релативно низок принос од 2000 килограми по ха (со овој систем 60 денари по 1 кгр тутун) ќе добие 120.000 денари по 1 хекатр.
Тутунопроизводителството е навистина важно, зошто обезбедува стотици милиони долари годишно од извоз, но од овошје и зеленчук се остваруваат над 180 милиони долари од извозот. Дали и колку е оправдано релативно ниската поддршка на сточарството кое неможе да ја задоволи потребата од месо, млеко и преработки за чиј увоз годишно трошиме стотина и педесет милиони долари. Ова се аномалии кои со години не се менуваат, а тоа значи дека нема никакви истражувања и анализи во однос на движењето на производството и поддршката на земјоделството. Сточарството за 2-3 пати ја зголемува вредноста на добиточните култури преку месото, млекото, јајцата и друго, а ставено е на маргините во однос на поддршката, па последните години неговото учество во средствата за поддршка е само за неколку проценти повисоко од тутунот.
Анализата на средствата за поддршка само на растителното производство (таб.3) уште повеќе ја потенцира нелогичноста, имено во структурата на средствата за растително производство, учеството на средствата за тутун е повисоко од вкупните средства за поддршка на поледелство и производство со преку 10 до 15%, а од лозарството и овоштарството и над 20%
Релативно изедначени односи на учество на добиточните видови по години се гледа кај сточарството (таб.4) каде доминира учеството на говедарството кое во последните години се ближи до 50%. Учеството на говедарството може да се намали во полза на овчарството и козарството, зошто со зголемувањето на бројноста на овчарството и козарството ќе се оствари голем обем на искористување на неискористените пасишта и напуштени ораници и бавчи особено во источниот дел на Македонија.
Еве што покажуваат податоците за економските сметки во земјоделството – производна сметка по тековни цени.
Податоците покажуваат релативно ограничен пораст на вредноста на растителното производство од 2008 до 2012 година во висина од 3,9% при што најголем пораст е остварен кај градинарското производство, намалаување кај житата, фуражното производство, и овошјето и виното. Според овие податоци загрижува опаѓањето на вредноста на добиточните производи чија вредност од 2008 до 2012 година е намалено за 33,6%. Релативно скромниот пораст на вредноста на растителното производство неможе да го елиминира ваквото намалување на вредноста на добитичното производство, благодарение на кое вкупното опаѓање на вредноста на земјоделските производи во 2012 година за разлика од 2008 година ,изнесува 4,2%. Без намера да претендираме на некои важни заклучоци од изнесените податоци за структурата на потрошените средства за поддршка на земјоделството, зошто се потребни истражувања и посеопфатни анализи, очигледно е дека непостои позивитна корелација помеѓу структурата на потрошените средства за поддршка на земјоделството и глобалните финансиски ефекти од производството.
Проф. Др. Борис Анакиев
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





