Добивај вести на Viber
Издавачкиот центар „Три“ одбележува 15 години постоење со голем роденденски попуст за читателите.
Од 17 до 22 ноември, сите изданија на ТРИ ќе бидат на специјален роденденски попуст до 70%. Дополнително, секој ден по една книга ќе биде достапна со плус попуст од 15%. Како специјално изненадување, најверните читатели ќе добијат подарок книга –
Добра мисла, добра книга. На тој начин, светски значајните книги ќе станат уште подостапни за сите, истовремено подарувајќи им подарок со безвремена вредност.
„Од идејата за создавање на издавачки центар чија мисија ќе биде да го донесе само најдоброто од светската и од домашната книжевна сцена, и од објавувањето на првата книга „Духот на мајка ми“ од Милчо Манчевски, поминаа точно 15 години. Горди сме што неизвесната авантура која ја започнавме се претвори во вистинско книжевно патување кое сè уште трае. Притоа, неизмерно сме им благодарни за несебичната поддршка на новинарите и медиумите, кои за сите овие години стоеја рамо до рамо со нас, препознавајќи ја важноста на нашата мисија, поддржувајќи нè и ширејќи ја веста за нашите автори и изданија.
Денеска, по првите 15 години, можеме да резимираме и да кажеме дека сме го одбрале вистинскиот пат – внимателно одбрани автори, квалитетни изданија по светски стандарди, автори, стилови и жанрови за сечиј вкус и за сите генерации. Книжевни ремек-дела кои го задоволуваат вкусот и на најпребирливите. Токму бројките говорат повеќе од зборовите: 622 досега објавени книги од 367 автори, продадени во повеќе од 734.290 примероци, и 589.124 читатели кои прочитале 210.006.940 страници“, велат од „Три“.
„Петнаесет години можеби не се малку, но за нас ова е само почетокот! ТРИ го продолжува своето книжевно патување, со цврстата решеност и мисија да биде првиот избор кога станува збор за најдоброто од домашната и светската книжевна продукција. Ги очекуваме сите вљубеници во книгата во Книжарница ТРИ, во ГТЦ и на
www.kniga.mk, да наминат на добро дружење, роденденски попусти и подароци!“, стои во соопштението.