18 Февруари, 2025
0.0313

АТРАКТИВНИ ПРИХОДИ И ОДЛИЧНИ УСЛОВИ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Водечката хрватска туристичка компанија Valamar ова лето го отвора Arba, новото првокласно одморалиште со цени во кои е вклучено сè на прекрасниот остров Раб, и бараат лица кои би се вработиле на различни позиции. Претставниците на компанијата ќе посетат повеќе градови во Македонија и ги покануваат сите заинтересирани лица да дојдат и да се запознаат со компанијата од 25 до 30 јануари 2025 година во градовите Скопје, Велес, Прилеп, Радовиш, Штип и да се приклучат на нивниот тим. Списокот на градови со датуми и детални локации, како и списокот на отворени работни позиции, е достапен на официјалната страница на Facebook Dobar posao u Valamaru.

Повеќе информации за одморалиштето Arba

Arba се наоѓа во Суха Пунта на полуостровот Калифронт, еден од најубавите делови, не само на островот Раб, туку и на Јадранското Море. Летувалиштето цврсто ќе го позиционира островот Раб помеѓу најдобрите дестинации за семеен одмор на Јадранско Море, а вредноста на инвестицијата изнесува 54 милиони евра. Новиот хотел ќе располага со 208 сместувачки единици и ќе може да прими 654 луѓе.

Одморалиштето ќе содржи шест затворени и отворени базени, прекрасни плажи, а ќе бидат достапни и многубројни активности, како возење велосипед и џогинг низ шумите на полуостровот Калифронт. Тука се наоѓа и Balance Mediterranean Spa, свет на благосостојба кој се протега на повеќе од 800 m² и нуди извонредно гастрономско уживање – ресторани со широка понуда на здрави јадења од медитеранската кујна за целото семејство. За најмладите, постои свет на семејна забава на површина од 1.500 m² со содржини за деца и слободна игра.

Инаку, Раб е познат како „островот на среќата“ поради единствената комбинација од прекрасни плажи, богатата историја и повеќе од 30 песочни заливи, што го прави еден од ретките острови на Јадранското Море со толкав број песочни плажи. Arba Resort, кој се наоѓа на Раб, еден од најшармантните острови во Јадранското Море, одлично се вклопува во прекрасната природа и богатото културно наследство на овој историски остров.

Повеќе информации за компанијата и условите

Valamar е најголемиот работодавач во туризмот во Хрватска, а оваа сезона во хотелите, одморалиштата и камповите во Пореч, Рабац, Макарска, Дубровник, на островите Раб, Крк, Хвар и Обертауерн во Австрија беа ангажирани повеќе од 8.300 вработени лица. Континуирано, од година во година, значително инвестира во примањата и наградите за вработените лица. Примањата за стручни позиции – готвачи, келнери, рецепционери и за низа други позиции, во врвот на сезоната изнесуваа помеѓу 1.400 и 2.000 евра нето, додека собарките, помошниците-готвачи, помошниците-келнери, работниците во кујна, персоналот за послужување и вработените на други работни места примаа помеѓу 1.000 и 1.300 евра. На сите вработени лица кои доаѓаат за работа на дестинациите им се обезбедува квалитетно сместување и бесплатни оброци.

Како дел од мерката „Живеј на дестинацијата“, се спроведуваат голем број програми за вработените лица на дестинацијата каде што живеат и работат со цел да можат да поминуваат квалитетно време за одмор, релаксација и забава. Во хотелите, одморалиштата и камповите на Valamar, вработените лица имаат можност да користат попуст од 30 отсто во ресторани и барови, како и поволности кај 300 партнери, како банки, компании за превоз, поликлиники, оптики и многу други, а на Раб, вработените најчесто користат попусти за превоз и спортски активности. Од минатата година обезбедени се дополнителни 400 евра нето за вработените лица кои живеат на дестинациите или трајно ќе се преселат таму. Освен тоа, отпочната е програмата „Покрив над глава“, со која на постојано вработените лица и на вработените лица со договор за работа за цела година, обезбедена им е можност за додаток за изнајмување стан во износ до 500 евра месечно.

За вработените лица кои првпат се вработуваат, се нуди висококвалитетна програма за запознавање со работата, а во Valamar сите вработени имаат можност да добијат дополнителна едукација, да го развијат својот потенцијал со помош на врвни ментори, како и да постигнат личен и деловен раст.

Оваа година, Valamar на Раб нуди голем број позиции за вработување, а на овој остров веќе со години успешно се пополнуваат сите работни места за сезоната благодарение на поволностите, условите за работа и атрактивните приходи.

*пр објава

Можеби ќе ве интересира

Преку иновации и уникатно корисничко искуство, до нови стандарди во е-трговијата и визија за лидерство во регионот

Преку иновации и уникатно корисничко искуство, до нови стандарди во е-трговијата и визија за лидерство во регионот

Нови промотивни услови за потрошувачки и станбен кредит од Шпаркасе Банка

Нови промотивни услови за потрошувачки и станбен кредит од Шпаркасе Банка

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: П.Ѓ. ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 6.604.025 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: П.Ѓ. ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 6.604.025 ДЕНАРИ

Play-Doh те кани на креативна авантура во Скопје Сити Мол!

Play-Doh те кани на креативна авантура во Скопје Сити Мол!

Почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер

Почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Штип добива нова, модернизирана услужна единица на ПроКредит Банка

Штип добива нова, модернизирана услужна единица на ПроКредит Банка

УНИБанка АД Скопје и Развојна банка на Р.С. Македонија потпишаа Рамковен договор за учество во кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва, т.н. Унгарска кредитна линија

УНИБанка АД Скопје и Развојна банка на Р.С. Македонија потпишаа Рамковен договор за учество во кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва, т.н. Унгарска кредитна линија

ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА