Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“
Објавено во: Мои пари 24 Јануари, 2025 11:30
Македонските компании ќе имаат можност да се пријават на меѓународниот јавен повик на Министерството за енергетика на Црна Гора, за поднесување понуди за тендерот за извршување на работи за спроведување на мерки за енергетска ефикасност за три основни училишта: ОУ Ристо Ратковиќ и ОУ Владислав Рибникар во Бијело Поље и ОУ Вук Караџиќ во Беране.
Тендерската документација може да се подигне електронски, бесплатно, со поднесување на барање на следната е-mail адреса: djordjina.lovric@ee-me.org.
Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на Министерството за енергетика на Црна Гора на линкот:
https://energetska-efikasnost.me/wp-content/uploads/2025/01/250114-Invitation-for-ClV_PEPPB-1.pdf
Краен рок за поднесување на апликациите е 06.03.2025 година, до 12 часот.
Извршувањето на работите е планирано во рамки на проектот „Промоција на енергетска ефикасност во јавните згради - озеленување на јавната инфраструктура во Црна Гора“, кој го спроведува Министерството за енергетика на Црна Гора во административниот, социјалниот и образовниот сектор. Проектот има за цел да ја подобри енергетската ефикасност во 20 одбрани јавни згради.
Вкупната вредност на проектот е 60 милиони евра. Германската развојна банка (KfW) обезбеди кредит, а неповратни средства од 5 милиони евра за реализација на проектот се спроведуваат преку Регионалната програма за енергетска ефикасност на Европската унија (REEP) и ИПА фондовите, кои се исто така управувани од Германската развојна банка (KfW).
Проектот е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP) формирана во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во 2012 година. Бројни организации соработуваат во рамките на програмата за да ја направат што е можно поуспешна, вклучувајќи ги Енергетската заедница, ЕБРД, Европската комисија, KfW и други билатерални донатори. Проектот се фокусира на енергетски ефикасна реконструкција на јавни згради во Западен Балкан, од административниот, здравствениот и образовниот сектор (на пр. училишта, болници, градинки, административни згради и други).
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





