БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2025
Поранешната вршителка на неколку државни функции Силвана Бонева објави заедничка фотографија со поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески и поранешниот пратеник Ромео Тренов.
- И после многу години, задоволство е, кога и да се сретнеме, по било кој повод!, објави Бонева на Фејсбук.
Таа повеќе не е активна во политиката откако претходно беше на удар на јавноста по високите патни трошоци кои ги добиваше како пратеничка и високите бонуси кои си ги доделуваше како член на Државната изборна комисија.
За Ставрески нема информации во јавноста што работи сега, а единствено се споменува како можен следен гувернер на Народна банка.
Тренов веќе доби функција од новата власт како директор на Управата за водостопанство.