ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Доаѓа топло време на планините, а студено и магливо во котлините
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2025 06:00
Од крајот на оваа работна седмица, па за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица во Македонија продолжува променливо облачно време со сончеви периоди, тивко и со појава на густа магла по котлините, објави метеорологот Славчо Попоски.
„Појава на густа магла во следните денови ќе продолжи да има и во Скопската котлина.
Во местата со магла температурите ќе бидат многу пониски како наутро, кога ќе се спуштаат и под нулата, па така и преку ден. Додека на другите места, особено на повисоките, планинските места и Скијачките центри температурите ќе бележат тенденција на голем пораст со што се очекува забрзано топење на снежната покривка.
Преку денот во следниот период насекаде температурите ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие се очекува да се искачат и до 17 степени. Но како што напоменав, значително поладно ќе биде во котлините со густа магла и ниска облачност.
И во Скопската котлина температурата преку ден во следниот период ќе остане пониска и претежно под 10 степени.
Се на се, температурната инверзија ќе ја имаме и во следниот период од годината, па така, котлините ќе бидат значително поладни од повисоките месата, планините и Скијачките центри“, објави тој.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




