05 Декември, 2025
0.0300

15-ти март- Светски ден на потрошувачот

Објавено во: Мои пари 15 Март, 2013 10:38

Добивај вести на Viber

Под мотото „Заштита на потрошувачките права“ Министерството за економија денеска традиционално ќе го одбележи 15 Март, Светскиот ден на потрошувачот.

„Влијанието на брзата храна врз здравјето на помладите генерации и безбедноста на производите, како важен предуслов за сигурноста на потрошувачите”, е мотото под кое годинава се одбележува овој ден.

Државниот советник за евроинтеграции и меѓународна соработка во Министерството за економија Крум Ефремов вчера  информира дека потрошувачите во Македонија секоја година се се повеќе информирани за своите права. Како што посочи на веб страницата на  Министерството еднаш неделно се објавуваат цените на основните прехранбени производи со цел потрошувачите да биде информирани за нивното движење.

Со цел да се задоволат потребите на потрошувачите работи и одделение каде  се евидентираат сите жалби поднесени од потрошувачите од областа на безбедноста на храната.

-Најмногу поплаки има за сладоледите и чоколадите, а многу често и за објектите во кои се служи брза храна. Во сите случаи инспекторите излегуваат на терен за да ја утврдат состојбата, а по потреба земаа и мостри од храната за испитување. Над 85 отсто од претставките од потрошувачите се потврдени, односно граѓаните имаат право и навистина ни укажуваат кога има проблем, вели Станислава Лазаревска директорката на Дирекцијата за храна.

Додека за надзор на непрехранбените производи надлежен е Државниот пазарен инспекторат, од каде истакнуваат дека најголем  број на пријавите од потрошувачите до нив се однесуваат на рекламации на апарати за домаќинство, обувки, облека, мебел, моторни возила, мобилни и фиксни телефонски апарати, како и за неиздавање на фискални сметки, несоодветно декларирање на производите и неквалитетно извршена услуга.

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на потрошувачите, министерот за економија Ваљон Сарачини и претседателот на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, Ѓорѓи Јанчевски ќе потпишат кодекс за добро однесување на банките и штедилниците.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност